Десет загинати во напад на беспилотно летало
3 јуни 2012Во најновиот напад на американско беспилотно летало т.н „дрон“ во пакистанската племенска област Јужен Вазиристан, на границата со Авганистан, убиени се најмалку десет талибанци, а три се ранети, наведе извор од пакистанската влада.
Нападот е извршен во селото Вакадана, во дистриктот Бирбал, на самата пакистанско-авганистанска граница. Разузнавачки извори тврдат дека леталото истрелало четири ракети на куќата на Мула маланга, важен командант на групата Мула Назир, составена од т.н. „добри талибанци“ кои не ги напаѓаат пакистанските безбедносни сили, туку изведуваат операции само во Авганистан.
Пакистанските племенските области на границата со Авганистан важат за упориште на радикално-исламистичките талибанци и на терористичката мрежа Ал Каеда. Нападите на американските беспилотни летала врз осомничени исламисти масивно се проширија за време на мандатот на претседателот Барак Обама. Вчера во сличен напад на денешниот истотака во Јужен Вазиристан беа убиени две лица.