Заев очекува функционален парламент и влада во Софија
10 јули 2021Македонскиот премиер Зоран Заев им посака среќа и успех на Бугарите и на бугарската држава на изборите што треба да се одржат утре, затоа што „е важно секоја држава, така и нашиот источен сосед да има стабилен парламент и да има стабилна политичка влада“.
Очекувањата за функционален парламент и влада во Софија Заев ги поврзува со надеж дека потоа ќе се одблокира патот на С. Македонија кон Европската унија.
„Лично мислам дека ги адресирав сите важни работи на билатералните разговори на 17 јуни, при посетата на Бугарија. Остана да се избере бугарскиот парламент и да се избере владата за да имаме надеж дека ќе се донесе одлука. Очекувам декември годинава да биде донесена одлуката, но секако да оставиме процесите да бидат успешни за да може да се израдуваме со позитивна одлука“, изјави Заев во Виница.
Тој потсети дека земјата е кандидат за ЕУ шеснаесет и пол години: „Верувам дека ова е повеќе прашање на достоинство на ЕУ, отколку наше. Тоа е нашиот пат, ние друг пат немаме и верувам дека ќе се случи“, изјави Заев.
Повеќе:
Заев: Со Бугарија не разговараме за македонскиот јазик и идентитет
Послушајте патриоти, да ви кажам словото
ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ во клинч: Резолуцијата за идентитетот во етнички води
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе се обединат за јазикот и идентитетот
Прашан, дали ќе лобира кај коалицискиот партнер ДУИ за прифаќање на Предлог-резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на македонските интеграции, Заев одговори дека ДУИ ја прифатиле резолуцијата:
„За тоа разговаравме, со тоа што секако треба да се смени уставното име и би требало да се утврдат одредени, како да ги кажам, формалности во самата резолуција за да може да биде заемно прифатена од сите. И уште еднаш да му покажеме на Мицкоски дека и тој којшто го има проблемот со македонскиот јазик и македонскиот идентитет, еве и преку заедничка резолуција, ние тоа ќе го потврдиме, затоа што е неспорно за сите дома“, рече Заев.